Санчез: Одговорот на Европа за Газа е „неуспех“

Одговорот на Европа на конфликтот во Газа претставува „неуспех“ и ризикува да ја поткопа нејзината глобална кредибилност, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез.



Пред средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Лондон, Санчез – првиот европски лидер што го обвини Израел за геноцид во Газа – за „Гардијан“ истакна дека конфликтот претставува „еден од најмрачните епизоди во меѓународните односи во 21. век“.

- Тоа е неуспех, истакна тој. - Апсолутно. Исто така, тоа е реалноста дека во рамките на ЕУ постојат земји кои се поделени кога станува збор за влијанието врз Израел, вели Санчез.

- Но, според мое мислење, тоа не е прифатливо и не можеме да одолговлекуваме ако сакаме да ја зголемиме нашата кредибилност во други кризи, како што е онаа со Украина, посочи премиерот на Шпанија.

Неговите коментари следат неколку дена откако локалните здравствени власти соопштија дека 31 лице загинале во нападите низ Појасот Газа, додека Израел продолжува со голема воена офанзива.

Во понеделникот, британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами рече пред парламентот дека Обединетото Кралство сè уште планира да ја признае палестинската држава во септември, приклучувајќи се на Шпанија и други европски земји.

Санче,з исто така, рече дека САД, под претседателството на Доналд Трамп, го запираат меѓународниот поредок воспоставен по Втората светска војна.

Меѓутоа, тој посочи дека повлекувањето на САД од клучни институции, како Светската здравствена организација, може да создаде можност за Европа и Обединетото Кралство да остварат поголемо глобално лидерство.

- Најшокантната реалност со која се соочуваме е дека главниот архитект на меѓународниот поредок – САД по Втората светска војна – сега го ослабува овој поредок, а тоа нема да биде позитивно ниту за американското општество, ниту за остатокот од светот – особено за западните земји, оцени Санчез.

- Затоа сметам дека постои можност за Европската Унија и исто така за Обединетото Кралство, вели тој.

Санчез и Трамп се судрија претходно годинава поради одбивањето на Шпанија да потроши 5 отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбрана, но премиерот нагласи дека неговата земја ќе биде „сигурен“ партнер на НАТО.

Тој зборуваше и за „дилемата“ со која западните општества сè повеќе се соочуваат кога треба да се одлучат како да управуваат со миграцијата.

- Сметам дека огромното мнозинство граѓани во Шпанија добро сфаќаат дека миграцијата е и можност, а не само морална обврска, изјави Санчез.

- Тоа е можност ефективно да одговориме на предизвиците со кои се соочуваме кога станува збор за економски раст и пазар на труд или помагање во финансирањето на нашиот социјален систем во сегашноста и во иднина, изјави шпанскиот премиер Санчез.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Што е тоа автокефална жена?
- Тоа е жена која си ги прави кејфовите во кола.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1522.- Шпанскиот морепловец Хуан Себастијан дел...
1569.- Умре Питер (Стариот) Бројгел (Брухел),...
1683.- Умре Жан Батист Колбер, француски...
1766.- Роден е Џон Далтон, англиски хемичар и...