
Ацеролата е овошје со најголема концентрација на витамин Ц, покажаа најновите научни истражувања.
Ацеролата, позната како тропска цреша во споредба со лимонот има 20 пати поголемо количество на витамин Ц.
Големата застапеност на флавонидот, антоцијанот и органската киселина овозможува подобро искористување на витаминот Ц, како и зајакнување на неговите нутрициски својства.
Ацеролата, која има пикантен горчливо-сладок вкус во народната медицина во Индија се користела како средство за зајакнување на имунитетот, што не е ни чудно ако се земе предвид фактот дека на 100 грама ацерола има 1.800 милиграми витамин Ц.
Поради своето благотворно дејство, американските пилоти редовно пијат сок од ацерола.
(Д.Т)