Протеинските прашоци го продолжуваат животот

Протеинските прашоци кои масовно ги користат билдерите ја кријат формулата за долг и здрав живот, тврдат научниците. Растворени во вода, протеинските прашоци ги хранат мускулите, ја подобруваат кондицијата, рамнотежата и координацијата. Протеинските прашоци кои можат да се купат во продавниците за здрава исхрана и преку интернет, го продолжуваат животниот век за 12 отсто, покажа последната научна студија.

Новите наоди се добиени благодарение на експериментите врз животни, но научниците истакнуваат дека ваквите прашоци кај луѓето придонесуваат за продолжување на животот за дополнителни 10 години.

Италијанските експерти им ги препорачуваат протеински прашоци на средовечните луѓе бидејќи тие се своевиден „еликсир на животот“, односно дека токму овие додатоци  им помагаат на милиони луѓе во староста да имаат добро здравје.

Измешани со млеко или некоја каша, протеините ги зајакнуваат заморните мускули што пак го намалува ризикот од болни падови и фрактури во староста.

Доколку се користат во подоцнежните стадиуми од животот, протеините им обезбедуваат дополнителна енергија на лицата кои имаат проблеми со срцето, белите дробови и слично.

- Податоците кои ги добивме со истражувањата не мотивираа да им препорачаме на средовечните лица да почнат да ги користат протеинските суплементи, вели истражувачот и професор Енцо Нисоли од Универзитетот во Бресција, кој на глувците им давал вода со аминокиселини од кои се сочинети протеините.

Трите разгранети синџири на аминокиселините кои се користени се леуцин, изолеуцин и валин. Глувците кои консумирале протеини живееле осумдесет дена подолго од обичните глувци.

Особено важно е што протеинските прашоци немаат никаква споредни ефекти.

Сè уште не е познато дали сите протеини кои се продаваат под различно име, меѓу кои е и Aminotrofic го продолжуваат човечкиот живот. Кога се земаат по педесет и петтата година од животот, протеинските прашоци влијаат врз подобрување на здравјето во староста.

Прашоците кај лицата во поодминатите години од животот може да помогнат при справување со срцевите и белодробните проблеми, но и со дијабетесот.

Експертите велат дека студијата покажала дека земањето протеини имало мал или речиси никаков ефект кај младите лица.

Трите аминокиселини кои се наоѓаат во протеинските прашоци исто така во голема мера се наоѓаат и во пилешкото месо. Кога се земаат како додаток во исхраната, протеините не мора да се варат, поради што брзо стигнуваат во крвотокот.

Професорот Носило тврди дека протеините го поттикнуваат зголемувањето на бројот на митохондриите кои пак ја претвораат храната во енергија која ја користи телото и мозокот. Протеините исто така го штитат телото од опасните молекули кои влијаат врз стареењето на ткивата и ќелиите, додека од друга страна ја поттикнуваат активноста на генот кој придонесува за долговечноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Зошто во Кина нема комарци?
- Секој Кинез убил по еден.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1534.- Шпанскиот благородник Ињацио Лојола во...
1896.- На Алјаска, најсеверниот дел на САД е...
1914.- Британскиот експедиционен корпус се...
1926.- Во американската метропола на филмот,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби