Сезонскиот грип ќе удри посилно од H1N1?!

Пандемијата на вирусот H1N1 може да однесе 40.000 животи во Европа, по што може да следи и бран на сезонскиот грип кој може да убие уште толку луѓе, соопштија денес европските здравствени експерти.

Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ECDC) соопшти дека епидемијата H1N1 која што сега е присутна во скоро сите земји на ЕУ, не може да се предвиди колку ќе биде озбилна.

Она што е сигурно, кажуваат експертите, е дека пандемијата ќе однесе уште илјадници животи и тоа за време на зимата.

- Ќе бидат погодени сите европски земји и со тоа значително ќе биде оптоварен здравствениот систем, изјави директорката на центарот Сузана Јакаб.

Во соопштението на установата се наведува ризикот од бранот на сезонскиот грип кој ќе се појави кон почетокот на идната година и ќе  удри веднаш по пандемијата на H1N1.

- Факт е дека вирусот H1N1 e поинаков бидејќи ги напаѓа младите луѓе, трудниците и луѓето без ризични фактори, изјави Агнус Никол, координатор за борба против грипот.

ECDC наведува дека искуството од САД и за јужната полутопка покажа дека трудниците се изложени на десет пати  поголем ризик и ќе им биде потребна интензивна нега во споредба со останатите.

Центарот напомнува дека 20 до 30 отсто смртни случаи се однесуваат на здравите млади луѓе.

Според податоците ECDC, во светот до сега се регистрирани 6.005 смртни случаи од вирусот H1N1.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби