Ракот на тестиси најзастапен на возраст меѓу 15 и 35 години

Април е месец на подигањето на свеста за рак на тестисите, со посебна нагласка на едукацијата за симптомите и техниките на самопреглед, бидејќи со рано откривање, ракот на тестисите може да се излечи во 95 отсто од случаите.

Иако сочинува само еден процент од сите тумори кај мажите, ракот на тестисите е најчестиот облик на канцер којшто ги погодува мажите на возраст меѓу 15 и 35 години. Истражувањата покажуваат дека последниве години инциденцата се зголемува и е двојно поголема за последните 40 години, објави порталот „Кликс“. Зголеменото влијание на болеста врз животот на пациентите и текот на лекување се причините поради коишто на оваа тема треба да ѝ се даде поголемо значење, сметаат лекарите.

Што е рак на тестисите? Брзорастечки тумор што се одликува со промени кај тестисот зафатен од болеста.

Според новите податоци, најголем број од новодијагностицираните случаи се во возрасната група 30 - 34 години. Во повеќето случаи, причината за појава на болеста е непозната. Постојат фактори на опасност, но кај многу од дијагностицираните ги нема тие влијанија. Голема е веројатноста, сепак, болеста да се појави ако пациентот има семејна историја на рак, или пак, тн. неспуштен тестис при раѓањето.

Најчести знаци на рак на тестисите се промени во големината или обликот на заболениот тестис, како и тегоби или непријатност во скротумот.

А пак, најлесниот начин за рано откривање, покрај болничкиот преглед, е редовниот самопреглед. Се препорачува мажот редовно да си ги проверува тестисите - барем еднаш месечно, по можност при туширање, кога кожата е опуштена, па промените најдобро се чувствуваат со допир. Во тој случај палпацијата, т.е. проверката со допирање, најбрзо би посочила можни грутки кај тестисите, промени во големината или какви било други неправилности.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби