Телеком и Golden Drum Festival со награден конкурс на тема „Сруши ги предрасудите“

Македонски Телеком и Golden Drum Festival ве повикуваат да учествувате во наградниот конкурс за млади креативци. Оваа година задачата е да се изработат визуелни решенија на тема „Сруши ги предрасудите“, а право на учество имаат лица помлади од 30 години.



Победникот на конкурсот ќе добие влезница за учество, хотелско сместување и покриени патни трошоци за фестивалот Golden Drum, кој оваа година ќе се одржи на 13 и 14 октомври, во Порторож, Словенија. Додека второ и трето пласираните ќе добијат T Tablet 2 и T Phone 3.

Визуелните решенија на тема „Сруши ги предрасудите“ можат да бидат испратени во форма на постер, во печатена или дигитална форма. Тие треба да ги откриваат, предизвикуваат и рушат предрасудите со кои се соочува современото општество. Целта на конкурсот е да покаже дека предрасудите разделуваат, но креативноста обединува.


Предлозите може да се испраќаат најдоцна до 2 октомври, по е-пошта на NapraviMesto@telekom.mk со наслов „Натпревар за млади креативци“.

Повеќе информации за целиот конкурс можете да пронајдете на следниот линк.

Доставените предлози ќе ги оценува стручно жири, составено од: Јовица Рафајловски (Art Director во Saatchi & Saatchi Skopje), Сузана Штерјова (Marketing Communications and Media Expert, Македонски Телеком) и претставник од фестивалот Golden Drum.

Победникот ќе биде објавен на 4 октомври на веб-страната на telekom.mk и на официјалната веб-страна на Golden Drum.

Golden Drum е реномиран интернационален фестивал за маркетинг индустријата, кој своето прво издание го имаше во 2004 година и оттогаш изгради име како еден од најголемите и најважни фестивали во регионот, кој на едно место ги обединува креативноста на маркетинг агенциите и различните култури од повеќе земји од Европа. Дознајте повеќе за Golden Drum на следниот линк: www.goldendrum.com



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби