Што е вирусот H1N1, како се пренесува и како се лечи

Се за новиот грип - 50 прашања и одговори

Вирусот

1. Дали H1N1 е поопасен од другите вируси на грип?

- До сега се покажал помалку агресивен од останатите вируси на грип, освен во ретки случаи, но многу е заразен.

2. Зошто е позаразен од сезонскиот грип?

- Се работи за нов вирус, што значи дека наоѓа лица без антитела кои би го препознале. Постарите лица помалку се погодени бидејќи во минатото се ширеле слични вируси, па имаат делумен имунитет.

3. H1N1 е сроден со вирусот на шпанскиот грип?

- Вирусот кружи меѓу луѓето над 90 години. Се појавувал меѓу 1957 и 1976, но продолжил да се шири меѓу свињите, а потоа во 1977 се појавил кај човекот. Потоа произвел хибриди на генетски план, со делови од свинско, птичјо и човечко потекло.

4. Дали поради таа мешавина овој вирус е толку опасен?

- Вирусите стануваат опасни бидејќи го менуваат својот антигенетски профил, кој нашиот имунитет не го препознава. Најопасни се ако стекнат способност да предизвикаат воспалителен процес во организмот. Овој вирус изгледа нема такви способности поради кои шпанскиот и птичјиот грип се толку смртоносни.

5. Дали фактот дека H1N1 не е сосема нов претставува предност за имунолошкиот систем?

- Тоа би значело дека постои дискретно ниво на природен имунитет; тоа го потврдуваат симптомите кои се благи.

6. Кое е можното потекло на овој вирус?

- Вирусолозите укажуваат на ризик од неприродна забрзана еволутивна појава на вирусот, поради условите на одгледување на стоката и употребата на вакцините кај животните.

7. Зошто H1N1 повеќе ги напаѓа младите од постарите лица?

- Многу вируси често ги напаѓаат младите и силни лица. Се покажа дека новите вируси на грип може да убијат пред се затоа што предизвикуваат големи воспалителни реакции.

8. Што може да се заклучи од досегашната пандемија?

- Од времето на шпанскиот грип, а птичјиот грип тоа го потврди, може да се заклучи дека младите лица на новиот вирус реагираат бурно и дека младите плаќаат највисока цена.

9. Колкава е смртноста во земјите каде H1N1 е раширен?

- Ниска: еден до двајца на илјада лица, а ширењето на болеста е од пет до седум проценти од популацијата.

10 . Кога епидемијата ќе стигне до врвот?

- Невозможно е да се каже дали ќе се појават уште бранови и кога.

11. Како се пренесува вирусот?

- Основниот начин на ширење на заразата е преку капки, преку кашлање и кивање. Може да се пренесе и со бакнеж.

Заразата

12. На кои места можеме да се заразиме?

- Секаде каде што има многу луѓе - јавни собири, градски превоз, кина... Пред се во топли и влажни простории - теретани или базени.

13. Какви хигиенски мерки можеме да превземеме?

- Покрај честото миење на рацете со вода и сапун, добро е да се користат маски и ракавици; треба да се покрие носот и устата кога кашламе или киваме, и потоа да ги испереме рацете; устата и носот треба да ги бришеме со палома; треба да избегнуваме да ги допираме очите, носот и устата.

14. Колку време поминува од моментот на заразата до првите симптоми?

- Од еден до четири дена, во просек два дена.

15. Колку дена инфицираното лице е заразно?

- Искуствата покажуваат дека треба да се остане дома седум дена од почетокот на појавата на симптомите за да не се шири вирусот понатаму.

16. Дали нападите на грозница или температура, типичната настинка, го зголемуваат ризикот од заболување?

- Температурата го погодува вирусот бидејќи ја блокира континуираната ерозија на секретите во респираторните органи. Значи, сепак е подобро да се стоплите но не премногу?

17. Како да се заштитам од лица кои киваат и кашлаат?

- Оддалечете се еден метар од тие лица, да не ги допираме очите, носот и устата и често да ги миеме рацете.

18. Дали ракувањето со заразено лице е опасно?

- По бакнежите, ракувањето е најризично за пренесување на вирусот. Треба често да се мијат рацете.

19. Дали заштитува маската за лице?

- Хируршката маска доволно заштитува, додека маските со филтер предизвикуваат нелагодност, комплицирани се и можат да предизвикаат алергија.

Децата

20. Како децата во училиштата да ја избегнат заразата?

- Објаснете им дека мора често и темелно да ги мијат рацете со вода и сапун. Треба да се почитуваат основните хигиенски правила, да се покриваат носот и устата при кашлање и кивање. Да не се ставаат во уста пенкала, гумички и ленири...

21. Дали природните лекови, како што се цедени портокали, можат да заштитат од инфекција, посебно децата?

- Правилната исхрана е секогаш корисна. Со доаѓањето на зимата секогаш треба да се обрати посебно внимание на исхраната: да се зема многу овошје и зеленчук.

22. Дали треба да се вакцинираат здрави деца и од која возраст?

- Кај децата помлади од две години вакцините се покажаа неефикасни.

23. Кои деца треба да се вакцинираат?

- Вакцина треба да примат деца со хронични заболувања, пред се од невролошки и невромускулаторни типови кои можат да доведат до компликации.

24. Дали смртноста е поголема кај децата?

- Кај овој грип забележана е смртност кај помладата популација и бидејќи младите и децата се тие кои почесто се разболуваат, посебно ако веќе имаат здравствени проблеми. Тешко е да се одреди точна смртност и поради фактот дека раширени се форми на грип кои имаат мали симптоми или воопшто ги немаат. 
 

Симптоми

25. Дали постојат симптоми кои веднаш укажуваат на вирусот H1N1?

- Не. Овој вирус дава идентични симптоми кои ги има и сезонскиот грип, а тоа се температура, грозница, кашлање, малаксалост, болови во мускулите, или гастроентеролошки пореметувања, како што се повраќање, дијареа.

26. Кои симптоми говорат дека веднаш треба да одиме на лекар?

- Тешко дишење проследено со висока температура и кашлање е клиничка слика која укажува на можно воспаление на градите.

27. Како се поставува точна дијагноза?

- Дијагнозата се поставува со анализа на брис од нос и грло.

Ако се разболам

28. Што да правам ако добијам температура?

- Може да се земе апче против температура, како што е парацетамол или фебрицет, за да се намали температурата и подобро да се чувствуваме.

29. Кои лекови се земаат против H1N1?

-  Антивирусните лекови како што се тамифлу и реленца кои мора да ги препише лекар.

30. Кога треба да се земат лековите?

- Ефикасни се доколку се земат првите 48 часа по појавата на симптомите. Во повеќето случаи грипот тече по својот тек и не е потребно да се земаат антивирусни лекови. Лековите треба да се земаат ако се работи за тешки симптоми и тоа лица со ризични болести.

31. Кои се последиците од несовесно земање на лекови?

- Лековите можат да не делуваат.

32. А антибиотиците?

- Антибиотиците не помагаат против вирусот бидејќи делуваат против бактерии. Можат да се земат ако постои сомневање за бактериска инфекција.

33. Зошто некои лица заразени со новиот вирус биле во тешка состојба, додека некои оздравеле?

- Имаше само неколку случаи, пациентот без видливи ризични фактори, поради новиот вирус да добие примарно вирусно воспаление на градите. Нема соодветно објаснување.

34. Дали заболените мора да пијат повеќе течности?

- Тоа важи за секој грип и кога лицето има температура треба да пие многу течности, посебно ако се работи за респираторни проблеми.

35. Што ризикува здраво лице со овој грип?

- Во многу случаи не ризикува ништо. Малку е веројатно дека ќе дојде до компликации, дека градните алвеоли ќе се наполнат со секрет.

36. Ако се разболиме од новиот грип, дали е можно повторно да го добиеме?

- Не. Во најлош случај може да се добие сезонски грип.

37. Што можеме да преземеме дома ако се разболиме?

- Просториите треба да бидат топли и проветрени.

Вакцината

38. Дали вакцината се дава еднаш или два пати?

- Во повеќето случаи доволна е една доза.

39. Дали постојат случаи кога вакцината не смее да се прими?

- Кај лица кои имаат автоимуни болести, секој случај се следи поединечно. Можат да постојат контраиндикации кај луѓе кои се алергични на супстанци кои ги содржи вакцината. Не смеат да ја примаат бремени жени во првите три месеци од бременоста.

40. Кои се несакани ефекти од вакцината?

- Кај секое десето дете, на возраст од 6 до 36 месеци може да дојде до нервоза, плачење, поспаност и дијареја. Кај постарите деца може да дојде до главоболка и замор, а кај адолесцентите малаксалост, болови во мускулите, главоболка, потење, мачнина, грозница.

41. Колку време треба вакцината да стане ефикасна?

- Десет до петнаесет дена.

42. Ако се добие вакцина против новиот грип по вакцината за сезонски грип, дали тоа ја зголемува делотворноста?

- Од имунолошки аспект, тоа е невозможно да се каже.

43. Дали вакцината против обичниот грип може да заштити и од вирусот H1N1?

- Истражувањето спроведено во текот на епидемијата во изминатите месеци во Австралија покажува дека сезонската вакцина не заштитува ниту една старосна група од новиот вирус.

44. Колку се безбедни вакцините против H1N1?

- Тоа денес никој не го знае. Европската агенција за лекови потенцира за потребата за внимателно следење на процесот на вакцинација за да стекне слика за несаканите дејствија.

45. Дали можеме да се вакцинираме и против сезонскиот грип и против новиот?

- Да, иако би било добро да почекаме 15 дена меѓу едната и другата вакцина, но ако се примат заедно, тогаш подобро да не се ставаат во иста рака.

46. Како би можел да реагира имунолошкиот систем на две вакцини?

- Може да се случи, ако вакцините се примат заедно, организмот да реагира посилно против сезонскиот грип, но се покажува слаба реакција во однос на H1N1. 

Бремените жени

47. Дали бремените жени треба да се вакцинираат?

- Нема специјални испитувања на бремените жени. Што се однесува до вирусот H1N1, не се правени клинички испитувања кои би ја препорачале вакцината.

48. Ако мајката се разболи дали треба да дои?

- Може да продолжи да дои. Може да стави маска додека дои. Најдобар начин бебето да се заштити е да пие мајчино млеко бидејќи тоа содржи основна имунолошка одбрана.

На пат

49. Ако патуваме во странство, кои се мерките за претпазливост?

- Треба да се информирате преку интернет за состојбата во земјата во која се патува и да се дознаат телефонските броеви на кои можете да се јавите во случај на потреба.

50. Дали треба да се понесат некои лекови со себе?

- Добро би било да понесете со себе некои апчиња за намалување на температура, а ако сакате да сте сигурни земете и антивирусен лек. Обезбедете и здравствено осигурување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби