Како да се откажете од пушењето

1000 за - нула против

Науката тутунот го става во групата на најотровни билки - опасни по здравјето. Секој долгогодишен пушач умира од болести предизвикани од тутунот, и во просек, губи 20 години од животот. Ако продолжи ваквото темпо, до 2020-та година бројот на смртни случаи како последица од пушењето ќе се искачи до 10 милиони годишно.

И непушачите кои се редовно изложени на чадот од цигари исто така внесуваат значајни количини штетни супстанци во организмот кои предизвикуваат разни здравствени проблеми.

Дејството на никотинот се одразува и врз централниот и периферниот нервен систем, влијае врз кардиоваскуларниот, генитоуринарниот, респираторниот и гастро интестиналниот систем, како и на коскената моторика.

Никотинот го забрзува пулсот, го зголемува крвниот притисок и доведува до опуштање на мускулите.

Никотинот лесно се апсорбира во сите ткива, слободно поминува низ плацентата во крвотокот на плодот - што значи дека и детето во утробата на мајката пуши. Во низа истражувања направени помеѓу бремените жени кои пушат и оние кои не се пушачи е утврдено дека кај жените кои пушат се јавува предвремено породување со последици врз плодот. Таа појава е два пати почеста за разлика од мајките кои не пушат.

Кога станува збор за стратегиите за одвикнување од пушењето, тие, освен силната волја и позитивното размислување за благодатите без чадот од цигарите, подразбираат и здрава исхрана и физичка активност.

1.СОВЕТ: Ако во текот на одвикнувањето од пушењето навечер почувствувате глад, испијте една чаша млеко со помалку масленост со лажичка какао (калциумот и магнезиумот од млекото претставуваат природни седативи), а од драгоцена помош ќе ви бидат и природните зачини, белиот лук, першунот, лутата пи перка, биберот, боровинката....

Една чаша вода исто така може "да ја убие“ потребата за пушење исто како и топол чај кој може да се пие со сламка и на тој начин да се задоволи и механичката по треба да имате цигара на усните.

Можете и да грицкате семки од сончоглед, морков, целер и да пиете витамински и диететски напитоци. Продуктите богати со витаминот Б истотака ќе ви помогнат, а прошетките, вежбите, возењето велосипед, пливањето или некој друг вид активност ќе ги насочи вашите мисли кон некои позитивни работи, а не кон цигарите.

Важно!
ДО МОЗОКОТ ЗА 7 СЕКУНДИ

По само една испушена цигара, нивото на никотинот во крвта се зголемува од 5 до 30 мг/мл, а до централниот нервен систем оваа психоактивна дрога доаѓа за само седум секунди. Последицата е екстремно висока количина допамин во мозокот, хемиска супстанца која ја стимулира зоната за уживање, така што тоа чувство на "задоволство“ги поттикнува пушачите да продолжат да пушат. Црниот дроб успева да преработи од 85 до 90 проценти од никотинот, од кои околу 70 проценти во котинин (продукт на пушењето) кој се задржува во организмот од 18 до 20 часа, и ги прави најтешките здравствени проблеми, а само 10 проценти од внесениот никотин се исфрла преку урината.

КАКО ДА СЕ ОТКАЖАМ

Единствена работа што секој мора да ја стори за себе за да го подобри своето здравје е да го остави пушењето, вели проф. Ричард Пето од Кралскиот фонд за истражување на ракот.

Истражувањата покажуваат дека се потребни пет години за да се намали ризикот од пушењето на екс пушачот и да се доведе на ниво на оние што никогаш не биле пушачи. Иако 68 отсто од пуша чите сакаат да ги остават цигарите и оние кои успеале во тоа се обидувале нај малку два-три пати. Но, како тоа да се стори? Д-р Мартин Џарвис, кој има напишано бројни студии како да се остават цигарите препорачува да од берете ден кога ќе престанете, потоа по барајте поддршка од целото семејство и пријатели. Исфрлете ги од дома сите пепелници и заборавени цигари. Избегнувајте места ка де се пуши и на денот што сте го одбрале наполно оставете ги цигарите. И бидете реални. Ќе имате кризи кои ќе морате да ги издржите.

Продолжува...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби