Како да се откажете од пушењето

Опасна навика

Никотинот после хероинот е втора психоактивна супстанца која предизвикува најсилна психофизичка активност. Иако секој пушач, по примерот на Бернард Шо ќе рече дека нема ништо полесно од тоа да се остави тутунот, "тоа го можеш кога сакаш, јас тоа го правев барем стотина па ти, фактот дека никотинот господари со мозокот што е и докажано, е причина што љубителите на тутунот тешко се ослободуваат од оваа навика. За тоа не е виновен само никотинот, туку и останатите бројни вештачки супстанци кои сè повеќе ги користи тутунската индустрија меѓу кои и адитиви, арома, боја, разни синтетички материјали и слично.

Страсните пушачи,безброј пати е докажано, се вистински наркомани, тешки зависници од никотинот и цигарата - една од легалните дроги кои дури и малолетници те можат да ја набават во секој киоск.

Постои навика, но има и одвикнуваeње. Така е и со порокот "уживање во тутунот“. За да се одвикне човек од ваквиот порок е неопходна цврста волја. Силен мотив. Треба да се има предвид дека во цигарата нема ниту една корисна супстанца. Напротив, од каков и да е тутун направена и каков филтер и да има, цигарата содржи повеќе од 6000, а според некои истражувања и повеќе од 10 000 штетни состојки (катран, смола, чад, па дури и радиоактивни елементи). Со сигурност е утврдено дека овие состојки делуваат канцерогено на сите органи.

Овие факти се доволна причина пушачите да ги остават цигарите. Патот од уживањето до болеста не е долг, но затоа е предолга листата на тешки зболувања предизвикани од овој порок, од рак на белите дробови, дебелото црево, преку кардиоваскуларни заболувања, инсулт, до влијание врз убавината, кожата, косата, очите.


Во прв ред пушењето е главна причина за настанување на ракот на белите дробови. Во тутунскиот чад, како што забележавме има канцерогени супстанци кои провоцираат настанување тумори. Дури 95 проценти од пациентите со оваа дијагноза се пушачи. Карциномот е во директна врска со пушачкиот стаж и бројот на испушени цигари. Оние кои пушат десет години имаат најмалку пет пати поголем ризик да добијат рак на белите дробови. И кај жените кои се помасовно пушат, посебно во градските средини се зголемува смртноста предизвикана од ваквото заболување. Престанувањето со пушење по 10 години го намалува ризикот од рак на белите дробови за 30 до 50 отсто. Затоа, никогаш не е доцна да се остават цигарите.

Покрај ракот на белите дробови, уживањето во никотинот и чадот од цигарите предизвикува и низа други заболувања. Пушењето и по неколку цигари дневно, покажуваат најновите истражувања, ја зголемува веројатноста дури за 24 пати дека пушачот ќе заболи од рак .

Пушачите имаат дури за 50 проценти поголем ризик од непушачите да добијат карцином на мочниот меур. За толкав процент се зголемува и веројатноста за појава на рак на желудникот и грлото на матката, посебно кај жените кои се носители на хуманиот папилома вирус. Секое петто лице кое има коронарни заболувања, инфаркт и мозочен удар, болеста е предизвикана од пушењето. Во чадот од цигарите се наоѓаат канцерогени материи, многу повеќе отколку што има во издувните гасови од автомобилите.

И затоа, ПУШЕЊЕ или ЗДРАВЈЕ -изберете сами!

Пасивното пушење исто така предизвикува заболувања. Децата на пушачите се поизложени на инфекции на дишните органи за разлика од оние на непушачите. Исто така, кај жените кои не пушат, а се изложени на чадот од цигари, поголема е веројатноста дека ќе родат деца со мала породилна тежина.


ИМА НАВИКИ И ОДВИКИ

Зависноста од никотинот е еднаква на зависноста од хероинот или кокаинот и затоа тешко се одвикнуваме од пушењето. Ситуацијата се комплицира и со постоењето на низа ритуали поврзани со пушењето, како што е допирот на цигарата, носењето до усните, чадот...

Одвикнувањето е цел процес во кој пушачот стекнува низа нови навики и учи ка ко да постане непушач. Одлуката за престанок мора да биде цврста и добро втемелена. Пушачот кој сака да прекине, нај често ги користи следните три методи :

• Пушење преголем број цигари за да се развие одбивност кон нив (погрешно)

• Намалување на бројот на цигарите во т кот на денот

• Престанување со пушењето одеднаш (одлично)


Следниот викенд читајте: „Издржете без цигара“ и „Пушењето и крвотокот“



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби