Терапија успеа да ги победи канцерогените клетки

Научниците дошле до неверојатни сознанија додека трагале за лек со кој би можел да се излечи ракот.

Новиот начин на борба против канцерогените клетки е генетски модифициран вирус за кој научниците успеале да докажат дека успешно ги напаѓа клетките на туморот.



Специјалистот кој работел на ова истражување потврдил дека кај пациентите кои имале модифициран вирус херпес е забележана и намалена количина на туморски клетки. Ова воедно е и прво откритие поткрепено со докази за потиснување на канцерогените клетки кај заболените од некои видови рак. Кај пациентите на кои им е дијагностициран рак, кој влегол во фаза во која веќе не може да се оперира, дадена им е оваа вирусна терапија поради која живееле 20 месеци подолго од оние кои не биле лечени со оваа терапија.

Додека кај некои пациенти во раните фази на болеста резултатите биле малку поскромни, медицинските истражувачи споменуваат како ова откритие е еден голем напредок кон целта, а тоа е пронаоѓањето на лек за оваа тешка болест.

Методата наречена вирусна имунотерапија е базирана на директен напад на клетките на ракот. Вирусот, кој генетски е модифициран, не може да се поврзе со здравите клетки, туку само со клетките на ракот. Кога ќе се спои со заразените клетки, уништува сè што е внатре. Се мултиплицира и го тера имунолошкиот систем да реагира во борба со заразените клетки. Научниците се надеваат дека оваа најнова вирусна метода во комбинација со останатите лекови ќе биде успешна.



Наодите од британските научници ги преземала една од водечките американски фармацевтски куќи, а истите веќе им се пратени на сите водечки светски лаборатории.

- Отсекогаш на вирусите гледавме како на непријатели против кои треба да се бориме. Сега, конечно е откриена нивната вистинска цел, а тоа е борбата против канцерогените клетки. Конечно успеавме, изјави проф. Пол Воркман, предводител на истражувањето.

Студијата вклучува 436 пациенти, на кои им е дијагностициран рак на кожа во поодмината фаза. Повеќе од 16% од пациентите, почнале да реагираат на оваа терапија по 6 месеци од почетокот на лекувањето. Кај неколку пациенти реакциите се јавиле и по 3 години од терапијата.



- Нивната првобитна задача е да влезат во телото и да ги убијат клетките на ракот, а оние здравите да ги остават недопрени. Она што се случило и она што е најважно е дека вирусните клетки споени со клетките на ракот, го натерале имунолошкиот систем да тргне во борба против ракот, објаснува Алан Мелчер, професор по медицинска онкологија и биотерапија на универзитетот во Лидс.

Познато е дека вирусите ги напаѓаат човечките клетки и негативно влијаат на нив. Научниците успеале да ги модифицираат и ги насочиле кон оние штетните, односно клетките на ракот. Тие се уверени дека наскоро ќе пронајдат начин за модификација на вирусот кој ќе помогне во лечењето на најчестите типови на рак како  рак на главата, вратот, мочниот меур и црниот дроб.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...