Дали навистина може да се зајакне имунитетот?

Ако влеземе во која било аптека ќе видиме постери од разни лекови кои тврдат дека може да го зајакнат нашиот имунолошкиот систем. Но, дали навистина може да се зајакне?

Имунолошкиот систем е многу комплексен. Има разни компоненти, кои целат кон заштита на телото од напади на патогени кои ги предизвикуваат болестите. Овие патогени или микро-организми може да се бактерии или вируси.



Добри и лоши бактерии

Освен лошите, постојат и добри бактерии, како оние што се наоѓаат во дигестивниот систем, без кои не можеме да живееме. Но, многу бактерии им се спротивставуваат, што значи дека нашите тела постојано водат војна. Одговор на имунитетот е кивањето, чешањето од убодот од комарец, дијарејата и слично.

Работата на имунитетот и покрај многуте испитувања се уште не е јасно разјаснета. Тоа е еден неверојатен систем, но се уште се испитува на кој начин работи.

- Бидејќи постојат многу различни видови на клетки во имунолошкиот систем, борењето со различни патогени, тешко е да се одлучи на кој дел од системот му е потребно зајакнување, сметаат научниците од универзитетот во Харвард.



Сепак, не треба да го преценувате имунитетот.

Експертите велат дека преактивниот имунолошки систем може да биде виновен за многу болести како што е артритисот или алергиските реакции. Артритисот е автоимунолошка болест во која имунолошкиот систем погрешно ги напаѓа ткивата на самото тело, особено зглобовите на рацете или нозете. Исто така,кога имате некоја алергиска реакција, значи вашиот имунитет погрешно ги идентификува супстанците како опасен патоген.

Очигледно е дека сите системи во нашето тело ќе функционираат многу подобро ако водиме здрав живот. Сè што му треба на телото за да го зајакни имунитетот се витамини и минерали, вежби, доволен одмор и хигиена. Не постои магична таблета која за миг ќе ви го зајакни имунитетот, па затоа мора напорно и вредно самите да се грижите за вашиот имунолошки систем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...