Пушењето предизвикува шизофренија?

Меѓу луѓето кои патат од психоза процентуално има три пати повеќе пушачи, отколку во општата популација, покажале новите анализи објавени во стручниот магазин Lancet Psychiatry. Иако оваа поврзаност порано не била забележана, истражувањата покажале дека пушењето може да претставува ризик фактор за психијатриски заболувања.



Истражувачите од Кингс колеџот во Лондон, кои анализирале 61 студија за вкупно 15.000 пушачи и 273.000 непушачи, велат дека откритието не може да го утврди последичниот однос и дека поедини студии не опфатиле други фактори, како на пример дали пушачите редовно консумираат канабис, што сè почесто се поврзува со психолошки болести. Сепак, д-р Џејмс Мекејб од Кралскиот институт за психијатрија, психологија и неврологија вели дека пушењето треба да се сфати како сериозен ризик фактор за психоза.

Истражувањето укажува дека пушењето може да влијае на нивото на допамин во мозокот, што може да се одрази и на психозата.

- Вишокот допамин е најдобро биолошко објаснување за психотичните болести како што е шизофренијата. Можно е изложувањето врз никотин да го зголемува опуштањето на допамин и да предизвикува развој на психоза, објаснува Робин Мари од истиот институт.

Сепак, истражувачите предупредуваат дека без детални истражувања невозможно е да се утврди дека цигарите предизвикуваат шизофренија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...