7 работи кои ги откриваат половите брадавици

Кондиломите или гениталните брадавици се мали израстоци на кожата околу половите органи, кои се пренесува по полов пат. Причина за нивната појавата се одредени типови на ХПВ вирусот, кој претставува една од најчестите половопреносливи инфекции во денешно време.



Со оглед на тоа што кондиломите се многу распространети и тоа што е тешко да се контролира нивното пренесување, потребно е да се знаат што повеќе работи за нив со цел да се заштитите.

Кондиломите спаѓаат во групата на високозаразни болести

Половите брадавици се пренесуваат многу лесно за време на сексуалниот однос. Human papiloma вирусот (HPV), кој е одговорен за нивната појава, е во состојба да помине низ кожата преку малите ранички кои се создаваат за време на сексот и да ја инфицираат другата личност.

HPV вирусот кој предизвикува кондиломи не може да се отстрани

Кога еднаш ќе заболите од HPV вирусот, истиот останува засекогаш во вашето тело. Може да одите на терапија и да ги отстраните гениталните брадавици, но вирусот останува успиен во вашиот организам. Тоа значи дека тој, во некој момент од вашиот живот, повторно може да предизвика кондиломи.

Кондиломите може повторно да се појават на кожата и после нивното отстранување

Како што кажавме, HPV вирусот може да биде успиен во вашето тело, но постојат одреден број фактори кои го зголемуваат ризикот кондиломите повторно да се појават. Овие фактори се: пушење, стрес, претерано консумирање алкохол и опаѓање на имунолошкиот систем.



Многу од луѓето воопшто не се ни свесни дека HPV вирусот е присутен во нивниот организам. Многу мажи имаат полови брадавици на пенисот, но остануваат несвесни за тоа бидејќи истите може да бидат многу мали и сокриени. Исто така, кондиломите кај жените може да се појават во внатрешноста, така што многу жени живеат во незнаење дека воопшто имаат полови брадавици. Само во 10% кога кондиломите постојат, тие се видливи со голо око.

Половите брадавици може успешно да се отстранат

Постојат различни опции за отстранување на кондиломите, во зависност од нивната големина и локација. Во можните постапки за отстранување спаѓаат одредени медикаменти, електрокоагулација (замрзнување на кондиломите), криотерапија (горење на кондиломите) и ласерско отстранување.

Гениталните брадавици не можат да се прошират од гениталното подрачје на останатите делови на вашето тело и обратно

Постојат најмалку 150 познати варијации на HPV вирусот. Оние видови кои се одговорни за појава на кондиломи, предизвикуваат нивно појавување само во гениталното подрачје. Тие се шират преку директен сексуален контакт со инфицираната кожа, за време на вагинален, анален или орален сексуален контакт.

До инфекција може да дојде при контакт со видливите полови брадавици, како и при контакт само со заразената кожа на заболениот, на која нема видливи полови брадавици. По полов однос со инфицираната личност, кондиломите можат да се појават после неколку недели или дури после неколку години.

Превенција на појава на кондиломите

Многу студии покажале дека силниот имунитет најмногу помага во спречување на појавата на кондиломите. За оние кои претходно имале генитални брадавици, лекарите препорачуваат посебни додатоци во исхраната кои го зајакнуваат имунитетот, како што се селенот, екстрактот од зелен чај, биофлавинот и екстрактот од семки од грозје.

HPV вирусот предизвикува и рак на грлото на матката

Типовите на HPV вирусот 6 и 11 се причинители за појава на кондиломи во 90% од случаите, додека пак типовите 16 и 18 се предизвикувачи на рак на грлото на матката во 70% од случаите. Последните два вида предизвикуваат надворешниот слој на нормалните клетки на грлото на матката да се заменат со клетки на рак. Оваа промена може да се открие во раната фаза преку ПАП тест. Всушност, 90% од смртните случаи како последица на рак на грлото на матката, би можеле да бидат спречени со рано откривање. Затоа, за сексуално активните девојки и жени, задолжително е правење на ПАП тест минумум еднаш годишно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...