За да ја спасат раката му ја пресадиле дланката на ногата

Кинеските хирурзи успеале да ја повратат функцијата на раката на еден пациент чија дланка му била отсечена при несреќа во фабрика. Дланката речиси еден месец била прицврстена на неговата нога, пред повторно да ја поврзат со остатокот на неговата рака.



Операцијата ја извршиле во болница во градот Чангша во централна Кина.

Пациентот, кој е претставен само како г-ин Жоу, имал сериозни повреди по што хирурзите заклучиле дека е потребно време за сите нерви и лигаменти да закрепнат. Сепак, едноставното прешивање на дланката значело дека Жоу веројатно никогаш веќе нема да може да ја користи.

- Под нормална температура, отсечениот прст мора да добие свежа крв во рок од 10 часа, но тоа време е уште пократко во случај на отсечен екстремитет, изјавил д-р Танг Јују, кој го оперирал г-ин Жоу.



Поради тоа тимот на хирурзи одлучиле најпрво дланката да ја прицврстат за ногата, каде што ја одржувале во живот цел месец, а потоа со друга операција, дланката повторно ја прицврстиле на раката. Жоу веќе може полека да ги мрда прстите, а лекарите предвидуваат дека по рехабилитацијата, раката ќе биде во потполна функција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...