Американската ФДА одобри продажба на првата женска „вијагра“

Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) донесе одлука да се пушти во продажба првото апче, што ја зголемува сексуалната желба кај жените. 

Тоа претставува пресвртница во фармацевтската индустрија, која сака да го повтори големиот успех на лекот за импотентност кај мажите. 



Сепак, строгите мерки за безбедност при употреба на апчето „Адуи“ покажуваат дека тоа најверојатно нема да постигне ист успех како и „Вијагра“, што донесе милијарди долари на компанијата производител од крајот на 90-тите години. 

„Адуи“ ќе содржи предупредување дека во комбинација со алкохол, апчето може да предизвика низок крвен притисок и напади. Тоа, исто така, не може да се користи заедно со други, често препишувани лекови. Апчето е првенствено наменето за жени на возраст пред менопауза, кои имаат пад на сексуалната желба, наведува ДПА. 



- Тоа не е апче што се пие еден час пред секс. Треба да се пие секој ден во период од недели и месеци, за да се почувствува ефектот, изјави Лионор Тифер, психолог и организатор на петицијата против „Адуи“. 

Апчето „Адуи“ е производ на фармацевтската компанија „Спраут фармацутикалс“. Тоа беше двапати претходно одбиено од ФДА. Последната одлука доаѓа откако комисијата во јуни одобри тоа да биде пуштено на пазарот под засилени мерки за безбедност и задолжителна продажба на рецепт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...