Единствен начин да не заболите од рак

По низа истражувања, експертите конечно потврдија дека ракот може да се искорени на еден и единствен начин – со превенција која подразбира дека секој поединец треба да вклучи нов модел на однесување.



Експертите за рак во Светската здравствена организација објавија кодекс на однесување што има за цел превенција од заболување од рак, сумиран во 5 препораки кои секој човек може да ги превземе за да не заболи од оваа кобна болест.

Доктор Хоаким Шуез, предводник на истражувањето, појаснил дека се работи за „препораки за промена на однесувањето кои поединците би требало без исклучок да ги усвојат во секојдневниот живот“.

Не постои здрава храна, постои само здрава исхрана

Доколку веќе не сте, крајно време е да ги промените лошите навики во својата исхрана. За жал, вистина е дека нашите баби и дедовци јаделе месо, пиеле кафе со шеќер и пиеле ракија можеби повеќе отколку што пиеле вода, но тие живееле пред половина век, кога тие намирници заради многу причини не биле штетни.



Наместо тоа, јадете житарки од цело зрно, мешунки, овошје и зеленчук, ограничете го внесот на црвено месо, полномасна храна, шеќери и соли и трудете се потполно да го избегнувате преработеното месо, белото брашно, газираните напитоци, но и алкохолот и тутунот.

Прочистете го вашиот дом од радијација

Речиси никому не му паѓа на ум дека најголемиот дел од зрачењето на кое сме изложени во текот на животот произлегува од нашиот дом. Експертите велат дека за тоа највиновен е радиоактивниот гас кој природно се наоѓа во земјиштето кој преку градежните материјали стигнува до нашите домови.



Постојат направи кои го мерат нивото на радони во домовите, како и начинот да ја намалите нивната концентрација во просториите во кои поминувате најмногу време. Најлесен начин е редовно да ги проветрувате просториите и да поставите камења зеолит или некој друг „собирач“ на радијацијата. Радонот инаку се смета за главен причинител на ракот на белите дробови, а особено е погубен за веќе оштетените бели дробови на пушачите.

Учествувајте во програмите за превенција на ракот

Во секоја земја постојат денови во календарската година кои се означени како време за акција и борба против одредени видови на рак. Во тие периоди можете без проблеми и претерано губење на време да извршите клучни прегледи.



Мажите би требало да ги проверуваат: простатата, белите дробови, панкреасот, црниот дроб и дебелото црево.

Жените би требало почесто да ги проверуваат: дојките, матката, јајниците и дебелото црево.

Запомнете, сонцето повеќе не е здраво

Ова особено важи за децата, бидејќи докажано е дека само еден плик настанат од изгореница во детството или адолесценцијата, има двојно поголеми шанси да се развие во меланом подоцна во животот.



Употребата на крема со УВ заштитен фактор, засолнување под сенка во времето кога сонцето е најсилно, но и избегнувањето на солариумите треба да ви стане пракса.

Доењето е незаменлива превенција

Многу експерти тврдат дека секоја мајка може да го дои своето новороденче, само прашање е колку таа се труди тоа да го оствари. Дури и доењето само од неколку дена е покорисно за вас и за бебето, отколку воопшто да не сте доеле.



Доењето го намалува нивото на хормонот естроген, за кој се смета дека ја активира појавата на рак, па се проценува дека жените кои дојат имаат за четвртина помали шанси да заболат од овој облик на рак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...