Состојка во морињата ги уништува клетките на рак

Руските научници откриле ново антиканцерогено средство – тоа се морските сунѓери, кои наводно ги уништуваат клетките на рак, односно ги присилуваат да се уништат самите себе. Научниците откриле ново антиканцерогено соединение монанхоцидин А, во далекуисточните морски сунѓери.



Ова средство важно се разликува од повеќето познати антиканцерогени хемотераписки препарати. Истото кај клетките на рак предизвикува т.н. автофагија, односно процес на самоуништување.

Истражувањата со кои се дошло до ова големо откритие биле извршени во Тихоокеанскиот институт за биоорганска хемија „Бељаков“ во Владивосток, како и во Лабораторијата за експериментална онкологија при германската клиника „Епендорф“ во Хамбург.

Валентин Стоник, член на Руската академија на науките, истакнува дека научниците откриле нов механизам кој отвора можност за создавање на антиканцерогени препарати.

Морските сунѓери и претходно биле познати како извор на моќни антиканцерогени материи.

Научниците од Универзитетот Лидс во Велика Британија, во 2014-та година успеале од сунѓерите Halichondria okadai да го добијат средството „ерибулин“, кој се бори против ракот на дојките.

Ова средство не го лечи карциномот, но за време на клиничките истражувања врз 1800 пациенти, докажано било дека го продолжува животот на пациентите за 5 месеци во просек.

Антиканцерогените својства на морскиот сунѓер се истражуваат подолго од 5 години.

Научниците тврдат дкеа пронашле прототип за создавање на нови лекови, односно дека издвоиле „индивидуална супстанца“, ја воочиле нејзината структура и и’ ги проучиле својствата, што е многу сложен и долготраен процес.

За сега рано е да се зборува во која мера „монанхоцидинот А“ е поефикасен и посигурен од постоечките препарати. За да се дознае тоа, потребно би било да се извршат дополнителни фармаколошки истражувања.

Ова откритие покажува дека медицинската отпорност на клетките на ракот е проблем кој може да се реши, напоменуваат руските научници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...