Спречувањето на кивањето има смртни последици

Кивањето е природна појава која најчесто се јавува непредвидено, заради што знае да биде мошне непријатна доколку имаме луѓе околу нас. Но, со оглед на тоа што преку овој процес организмот го прочистува телото од нечистотиите, неговото спречување може да ве доведе до опасност!



Додека киваме, воздухот низ нашите ноздри лета со брзина од 160 километри на час, а доколку го стопираме, целиот притисок се префрла на некој друг дел од телото, кој може да настрада, предупредуваат лекарите.

Имено, со стопирањето притисокот се сели во ушите, каде може да доведе до оштетување, како на пример, пукање на ушното тапанче. Може да предизвика и загуба на слухот и вртоглавица, која нема да престане за брзо.

Исто така, може да се случи да настрадаат и крвните капилари во очите, односно да се распукаат заради притисокот, а се случува и да дојде до оштетување на дијафрагмата.

Силниот налет кој се прекинува со стопирање на кивањето е потенцијална опасност од повреда на вратот, како и отворање на рани кај оние кои имаат неодамна направено операција на синусите.



Во најлош случај доаѓа до пукање на вени во мозокот и мозочен удар, што може да биде смртоносно.

Затоа, доколку ви дојде да кивнете во јавност, немојте да се срамите, бидејќи цената која може да ја платите не е вредна за тоа. Наместо да се воздржувате, ставете марамче на носот и кивнете како што треба, а доколку не успеете да го извадите марамчето од ташна или џеб, устата покријте ја со дланка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...