Што откриваат промените на вашите раце?

Рацете и ноктите можат да откријат многу изненадувачки тајни за вашето тело и да ви дадат предупредувачки знаци кои не смеете да ги игнорирате.

Тие се своевиден прозорец кон начинот на кој што функционира внатрешноста на организмот, па затоа добро анализирајте го нивниот изглед.

Бела или потемнета внатрешност на прстите

Ова може да биде знак за лоша циркулација поради чувствителноста на малите крвни садови на промените во температурата. Прстите најчесто ја менуваат бојата во бела, сина и црвена. Во некои случаи сините прсти се знак на недостаток на кислород во телото, додека во случаи на треска може да се показател на пнеумонија.

Потење на дланките

Стресот и преголемата активност на тироидната жлезда го забрзуваат метаболизмот, создавајќи повеќе топлина и трошејќи калории кои предизвикуваат потење на дланките. Ако ова се случува многу често се препорачува да се консултирате со лекар.

Промена на бојата на ноктите

Жолтите и зелените нокти сугерираат на габична инфекција, но и на почетоци на дијабетес. Бактериите и габите се размножуваат кога имунолошкиот систем и циркулацијата не се на завидно ниво, исто како и кога постои проблем со шеќерот во крвта.

Бел изглед под ноктот

Вообичаено месото под ноктите има бледо розова боја. Сепак, некои луѓе имаат белузлав изглед на овој дел од ноктите, што пак е еден од знаците за недостаток на железо, односно анемија.

Тресење на рацете

Повременото тресење на рацете може да биде предизвикано од преголемо количество кофеин, возбуденост или определени лекови за асма и антидепресиви. Ако постојано ви се тресат рацете можно е да станува збор за есенцијален тремор или пак за почеток на Паркинсонова болест.

Отечени прсти

Постојат повеќе безопасни причини поради кои прстите ви се отечени, како на пример ПМС, дехидратација или исхрана преку која внесувате премногу сол. Доколку долго време отокот не се повлекува истиот е знак за проблеми со тироидната жлезда и ревматоиден артритис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...