The Phoenix99 бионичко око

Австралиски научници започнале тестирање на бионичко око наменето за имплантирање, наречено The Phoenix99, а наскоро се планираат и негови тестови кај човечки субјекти во кои што ќе се имплантира.

Уредот е развиен од инженери од University of New South Wales (UNSW) и веќе успешно бил демонстриран во пред-клинички тестови водени од тим на елитни хируршки експерти од Сиднеј, а се очекува да им даде на пациентите подобар вид во споредба со сите сегашни технологии за ресторација на видот. Нареден чекор е негова имплантација во луѓе, за што тимот зад овој проект веќе добил средства.

Научниците кои стојат зад ова бионичко око ја истражуваат оваа технологија уште од 1997-ма година, со надеж дека ќе можат да им помогнат на луѓето кои боледуваат од retinitis pigmentosa, дегенеративна состојба која што предизвикува губење на видот почнувајќи во раните 30-ти години од животот и често води до целосно слепило во период од 10-на години. Оваа состојба ја имаат скоро 2 милиони луѓе ширум светот и иако одредени медикаменти можат да ја забават, сè уште нема лек за таа комплетно да се уништи и окото да се врати во првобитната состојба.

Бионичката технологија е еден од начините со кои што видот ќе може (барем делумно) да се ресторира, а првите тестови на прототипот на ова бионичко око биле направени уште во 2012-та година, кај три пациенти со retinitis pigmentosa.

Прототипот се состоел од низа од 24 електроди, поврзани со екстерна електроника, кој на пациентите им овозможувал да гледаат силуети составени од точки од светлина, наречени фосфени (phosphenes). Со помош на специјални камери, пациентите можеле да добијат и чувство на далечина, бидејќи фосфените станувале по сјајни при приближување до објектот кој што се гледал.

Новата верзија се очекува да прикажува слика/силуети со значително подобар квалитет од претходната, како и целосно да може да се имплантира (без екстерна електроника вон очната шуплина). Хируршката процедура за тоа би траела 2 до 3 часа, и единствен знак дека личноста има имплант би бил малечок диск зад увото кој ќе пренесува податоци и ќе го напојува имплантот, кој ќе испраќа електрични импулси во задниот дел од окото. Во прво време, корисникот исто така ќе треба да носи и очила опремени со камера, а снимките направени со неа ќе помогнат да се дефинира стимулацијата на нервните клетки во мрежницата на пациентот, испраќајќи сигнали до визуелниот кортекс на мозокот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...