Нов лек како морфиум, но без несакани ефекти

Истражувачи од Tulane University School of Medicine создале нов лек со карактеристики како морфиумот, но без несаканите ефекти (како зависност) кои тој ги има.

Морфиумот (лек базиран на опиум), често се користи за третирање на тешки и хронични болки. Меѓутоа, несаканите ефекти вклучуваат зависност, како и создавање на толеранција по негово подолго користење. Тоа предизвикува пациентите да земаат сè поголеми дози, што може да води до предозирање или злоставување на лекот (што предизвикува оштетување на моторните и респираторни функции). Поради ова неговата употреба мора да е строго регулирана.



Новиот лек е варијанта на endomorphin, хемиска состојка која природно се создава во човечкото тело и која ефективно ја елиминира болката. Тестовите врз глувци покажале дека тој е подеднакво (па дури и повеќе) ефективен од морфиумот и останати лекови на база на опиум, но ги нема штетните ефекти, или доколку се појават, се значително редуцирани/незабележителни. Кај тест примероците не била забележана значителна промена во брзината на дишењето (кое се забавува при користење на морфиум), а истото се случило и со моторната координација. Исто така, новиот лек создавал многу помалку толеранција во споредба со морфиумот.

За да проверат дали лекот создава зависност, тие направиле неколку тестови; едниот вклучувал поставување на прекинувач кој кога ќе се притиснел, предизвикувал негово вбризгување. Глувците на кои на овој начин им се давал морфиум, давале напор постојано да го притискаат прекинувачот. Оние на кој што им се давал новиот лек, тоа воопшто не го правеле. За потребите на вториот тест, глувците биле често пуштани во „одделот“ каде што им биле вбризгувани лековите – оние на кои им бил даван морфиум останувале да се „маткаат“ во него, додека другите не го правеле тоа.

Тимот се надева дека ќе почне со клинички тестови врз луѓе во наредните две години, за кои се надеваат дека ќе дадат слични резултати. Доколку тестирањата поминат успешно, значително ќе се намали сегашната злоупотреба на овие опијати, која одзела скоро 50 000 животи во 2014, само во USA.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...