Како да го разликувате грипот од настинката?

Настинките по правило се безопасни и најчесто се повлекуваат без последици. Но, кога се работи за грипот потребно е поголемо внимание. Грипот го ослабува целото тело и го прави подложно на бактерии, со што предизвикува низа компликации. Настинката и грипот се предизвикани од вируси, а често проблем е нивното разликување со цел да се третира како што треба.



Кога почнуваат првите симптоми?

Првите симптоми на настинка се јавуваат ден или два по контакт со вирусот, а обично започнува со гребење и чувство на жарење во грлото, кои се влошуваат. Грипот настапува наеднаш и при тоа ако утрото сте се чувствувале сосема добри, за некој час почнува да ве боли целото тело.

Кои се најсличните симптоми?

Болката во грлото и секретот од носот се првите симптоми кои се појавуваат и кај настинката и кај грипот. Но, со важна разлика. Кај настинката проблемите со носот и синусите обично почнуваат откако грлото ќе престане да ве боли, по што следи безбоен исцедок од носот. Постепено, исцедокот станува пообилен, погуст и жолт, а носот постојано е блокиран, додека петтиот ден состојбата значително се подобрува. Кај грипот, воспалението не созрева на овој начин. Имено, исцедокот останува ист по неколку дена, не менувајќи ја својата текстура. Исцедокот при грип не станува густ со тек на време, како кај настинката, а кашлицата е сува и непродуктивна.

Колку високата телесна температура ја открива настинката или грипот?



Блокадата во носот и чувството на изнемоштеност настануваат поради оптеретување на дишните патишта, а кај настинката предизвикуваат главоболка и благо чувство на треска. Кога се работи за грип, таквите симптоми се поинтензивни и телото моментално останува приковано за кревет, што се зголемуваат шансите за скок на температурата до 40°С.

Кога е време за мирување и лежење во кревет?

Во зависност од вирусите кои ја предизвикале настинката, разликуваме и различни симптоми. Некогаш тоа може да биде слабост и тресење, но тие настапуваат постепено. Лежењето во кревет не е нужно, а личноста со настинка може да функционира нормално.

За разлика од настинката, симптомите на грипот покажуваат црвенило и солзи во очи, додека кожата изгледа влажна и има појава на висока температура. Исто така се чувствуваат болки во зглобовите, губење на апетитот, раздразливост и исцрпеност. Кај грипот потребно е одмарање, лежење во кревет, минимален контакт со околината и особено зајакнување на имунитетот.

Колку долго трае настинката, а колку грипот?

Врвот на настинката се случува обично два до три дена по појавата на симптоми, а најлошото поминува по една недела. Настинката би требало целосно да се повлече по три, максимум четири недели. Грипот го исцрпува телото па болките може да се задржат многу подолго. Телесните активности стануваат многу тешки во овој период, со оглед на исцрпеноста. Грипот додатно го ослабува организмот и може да предизвика посилни болки во делот на стомакот, цревата, зглобовите и мускулите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...