Ген за контролирање на мозокот со магнети

Истражувачи од University of Virginia креирале хибриден ген наречен Magneto, кој што може да ги активира електричните кола во мозокот и да влијае на однесувањето на глувците.



Досега, научно е докажано и покажано дека нервниот систем реагира на разни методи на стимулација како оптогенетска (биолошка техника која инволвира користење на светлина за контролирање на клетките кои се генетски модифицирани да се осетливи на светлина) и кемогенетска (процеси каде макромолекули со лекови можат генетски да се изменат за да имаат интеракција со претходно непрепознатливи за организмот мали молекули). Меѓутоа, и двете методи имаат потешкотии да „стигнат“ до мозокот.

Најновата метода со користење на магнетни полиња, го нема тој проблем. Научниците креирале нов јонски канал кој реагира на магнети, така што постоечкиот јонски канал наречен TRPV4 (кој реагира на механички притисок) го споиле со ген на ferritin (протеин кој се сврзува со железо и реагира на екстерни магнети)



Со тоа тие креирале хибриден протеин кој го нарекле Magneto, кој реагира на магнетните полиња во клетките. Така, кога ќе се доближи магнет до клетки кои го носат овој протеин, тој ги отвора јонските канали предизвикувајќи серија на настани кои доведуваат до активирање на мозочните сигнали.

Тимот на истражувачи продолжуваат со развивање на оваа метода за која велат дека значително ќе помогне за подобро разбирање на нервниот развој, функција и патологија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...