Smart Scalper за отстранување на тумори

Отстранувањето на тумори од мозокот е деликатна задача, која доколку не се изведе правилно може да има катастрофални последици како што се оштетување на мозокот, што може да предизвика и оштетување на некои моторни функции или неуспех во контролирање на функција на некои витални органи. Поради тоа, мексиканскиот истражувач David Oliva Uribe од Vrije Universiteit Brussel дизајнирал „паметен“ скалпел кој определува дали ткивото врз кое се работи е здраво или туморно.



Намената на уредот е да се користи во операционите сали, исклучиво кога туморот на мозокот е веќе дијагностициран и единствена солуција е да се отстрани. Тој има големина и форма на скалпер, но врвот е сферичен со дијаметар помал од еден милиметар. Во него има интегрирано сензор кој по допир со површината на која треба да се сече, го предупредува неврохирургот со визуелни и аудио информации во врска со статусот на ткивото. Резултатите се добиваат за помалку од половина секунда, што е од исклучително значење за време на една операција (кога секунда помалку или повеќе може да значи живот). Овој скалпер е дизајниран да ги лоцира туморите во раната фаза – кога се видливи на MRI (магнетна резонанца), но не и во операционата сала, бидејќи нивните физички карактеристики се слични како оние на здравото ткиво, што ги прави тешки да се спознаат/лоцираат.

На дизајнот е работено 6 години – механичките и сензорни компоненти се произведени во University of Hannover и специјализирани неврохируршки болници, додека дигиталното процесирање било развиено во Free University of Brussels, во Белгија.

Во иднина се планира оваа технологија да се минијатуризира и адаптира за да може да детектира тумори и во други делови на телото како што се стомакот и цревата, бидејќи во тој случај би требало да се вметне во ендоскоп. Како понатамошна можност се спомнува и нејзино вградување во роботи кои асистираат при операции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...