Медицинска марихуана од сега достапна и за миленичињата

Во борбата за легализација на марихуаната во медицински цели луѓето не се сами, туку им се придружуваат и миленичињата. Во последно време сè повеќе се појавуваат производи на база на канабис наменет токму за животните и тоа од додатоци во исхраната до шампони за бањање.

Еден од тие производи се додатоците во исхраната од компанијата Treatibles, кои имаат смирувачко дејство за мачките, кучињата и останатите видови на домашни миленичиња. Тие содржат канабидол, супстанца која се наоѓа во канабисот, но нема психоактивни својства.



- Животните нема да се „надуваат“ од овие производи. Вашето милениче ќе ужива во сите придобивки на овие канабиноидни билки без било какви психоактивни дејства, стои на веб страната на компанијата.

Слични производи нудат и компаниите Canna Companion и Canna-Pet.

Но, дали навистина делуваат врз животните?

Берни, швајцарско планинско куче, секоја недела имало напади кои биле толку страшни што имал појава на грчење, испуштање пена од устата и уринирање околу себе неколку минути, додека не си дошол на себе по цел час. Лековите кои му ги припишале ветеринарите не само што не делувале, туку и го правеле дезориентиран и му го оштетувале црниот дроб. Неговите сопственици тврдат дека ниту еднаш немал напад откако почнал да користи суплементи од канабис.

- Звучи смешно сè додека не дојдете во таа ситуација и не го искусете тоа на своја кожа, изјавил Ентони, сопственикот на Берни.

Сепак, исто како и употребата на марихуаната кај луѓето, постојат одредени ограничувања во третманот за болни животни. На пример, во САД може да го нарачате производот преку интернет само ако не содржи супстанца THC, психоактивна состојба од канабис. Сепак, проблемот е што во некои од овие производи не е целосно отстранета таа супстанца. Ние сепак сме далеку од порачувањето канабис преку интернет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...