Имунотерапија излекувала маж со над 26 тумори?!

Пациентот Мајкл Четл имал потешкотии при движењето поради големиот број на малигни тумори во абдоменот. Првобитниот третман, кој вклучувал комплексна операција на неколку органи, пропратена со хемотерапија, се покажал како безуспешен година дена подоцна, кога туморот го зафатил црниот дроб. Потоа следувала уште една хемотерапија, а Четл по две години дознал дека ракот се проширил и на неговите коски.



- Туморот брзо се ширеше, а јас во меѓувреме се распаѓав. Не можев да ја мрдам главата и целиот бев во болки, објаснува пациентот.

Со оглед на тоа дека веќе немало опции за лекување, пациентот започнал да размислува за палијативна нега. Но, токму тогаш д-р Стивен Дафи од Онколошкиот центар во болницата Св.Мери во Вирџинија, САД, го упатил кај д-р Луис Дијаз во центарот за истражување на рак во Мериленд.

Д-р Дијаз го вклучил во една студија во чиј фокус се наоѓало истражување на генетски абнормалности т.н. недостаток на репарација од погрешно сврзани нуклеотиди. За време на истражувањето, докторот испитувал дали туморите во телото на пациентот реагираат на имунотерапискиот лек pembrolizumab. По три месеци од терапијата, симптомите на болеста почнале да се повлекуваат.

- Повторно можев да го движам вратот. По неколку месеци мојата ќерка правеше свадба, а јас бев среќен што можев да ја однесам до олтарот.

На секои две недели тој прима лек растворен во инфузија, а терапијата трае само 30 минути. Резултатите покажуваат дека одлично реагира на третманот.

- Се чувствувам блажено што имам така добри доктори кои ме донесоа до каде што сум денес. Драго ми е што ја добив оваа прилика да учествувам во истражувањето, заклучил Четл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...