Егзоскелет како третман за Паркинсонова болест

Иако постојано се работи на нови начини за третирање на симптомите од Паркинсоновата болест, опциите се лимитирани кога станува прашање за секојдневното тресење, т.е треморот. Поради тоа, истражувачи од Imperial College London развиле егзоскелет кој се поставува на раката и кој „препознава“ кога корисникот се спрема да направи некој потег кој побарува стабилност и прецизност на движењето, при што се активира за да го ублажи тресењето. Тоа го прави така што ја турка раката со вибрирачки потези кои го негираат треморот.



Иако ова не е баш прв уред со оваа намена (првите се развиваат уште од 2007-ма), уникатен е поради специјално развиениот софтвер за него, кој егзоскелетот го активира по потреба во зависност од активностите на корисникот. Вака се редуцира потрошувачката, а и на овој начин уредот е далеку попрактичен бидејќи му е потребно многу помалку моќ за да работи.

Егзоскелетот е изработен со 3D принтана пластична рамка на која и се додадени два малечки серво мотори (кај лактот и зглобот), кои имаат вградено позициони сензори, а вметнати се и акцелерометар и жироскоп на задниот дел од шаката. Сето ова тежи вкупно само 350 грама.

Според податоците добиени од досегашното истражување, прототипот на овој егзоскелет може да распознае и разликува разни активности со 70% точност. Со постојано обновување на софтверот, тој ќе може попрецизно да ги детектира движењата, на пример ќе препознае дали корисникот јаде, или ја користи раката за куцање на компјутер, и сл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...