Електронска лепенка како здравствен монитор

Научници од University of Illinois развиле ултра-тенка електронска лепенка која на кожата се лепи како привремена тетоважа, и на која не и е потребна батерија за да функционира туку може да се напојува безжично од смартфони.

Тоа го прави со помош на NFC (Near Field Communication) технологијата, преку која и ги испраќа податоците во смартфонот.



Бидејќи нема батерија, тоа ја прави оваа лепенка 5 до 10 пати потенка од сличните гаџети. Функционира на тој начин да штом се наполни, LED-овите вградени во неа ја осветлуваат кожата – дел од светлина се апсорбира, а делот кој се рефлектира е подложен на анализа од светлосните сензори вградени во лепенката. Притоа, материјалот кој е осетлив на ултравиолетова светлина ја мери изложеноста на ваквиот тип на зраци, а вградениот топлински сензор ја мери температурата на кожата.

Преку експерименти со мала група на волонтери, научниците дошле до сознание дека можат да го користат овој уред да го мерат пулсот, нивото на кислород во крвта, температурата на кожата, изложеноста на ултравиолетова радијација, како и промените во бојата на кожата. Првите три го покажуваат фитнес нивото на индивидуата, нивото на ултравиолетовата радијација може да укаже на степенот на ризик од изгореници, додека промената на бојата на кожата може да е знак за одредени болести, како жолтицата.



За да лепенката се напојува од смартфонот, тој треба да е доближен на неколку сантиметри од неа, меѓутоа доколку во неа се вградат специјални читачи со голем домет, тоа би можело да се прави од далечина од околу 1 метар. Таков систем, на пример, доколку би се монтирал под душек, би можел да се користи во болничките кревети.

Научниците моментално го тестираат овој уред кај болнички пациенти во студии поврзани со спиењето, а работат и на вградување на поголем број на сензори во лепенката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...