Сензор за попрецизна епидурална анестезија

Само во САД се вршат над 13 милиони епидурални процедури годишно, а иако ваквиот тип на анестезија генерално е безбеден, во 10% од случаите можно е да се јават компликации доколку иглата е внесена премногу длабоко или во погрешно ткиво.



Моментално, анестезиолозите иглата која вообичаено има големина од 10 до 15cm мора да ја водат низ неколку слоеви од ткивото пред да навлезат во епидуралниот простор кој го опкружува ‘рбетот и можат да претпостават дали ја погодиле вистинската локација според тоа колкав отпор дава ткивото. Меѓутоа, тоа не е исто кај секој пациент - кај некои се случува иглата да навлезе во погрешно ткиво или премногу длабоко во вистинското, што може да доведе до компликации од типот на редуцирана ефикасност или јаки главоболки. Во многу ретки случаи, доколку иглата оштети некој крвен сад, може да настане мозочен удар или повреда на ‘рбетниот столб.

Тим истажувачи од центарот за ласерски биомедицински истражувања од MIT и Massachusetts General Hospital се надеваат дека оваа процедура ќе ја подобрат со нов сензор кој може да биде интегриран во епидуралната игла, помагајќи им на докторите иглата да ја внесат во точната локација.

Се работи за оптички сензор кој ја користи Рамановата спектроскопија и се поставува на врвот на иглата и кој користи светлина за да ја пресмета енергетската промена во молекуларните вибрации, нудејќи детални информации за хемискиот состав на ткивото. Во овој случај, истражувачите ги мереле концентрациите на албумин, актин, колаген, триолеин и фосфатидилхолин за да прецизно ги идентификуваат различните слоеви на ткивото. Така, по внесувањето на иглата, сензорот дава брз фидбек и му кажува на анестезиологот во кое ткиво таа моментално се наоѓа, и тоа со 100% точност.

Сензорот бил тестиран во ткиво од свиња, а во план се понатамошни тестирања врз животни пред да се почне со човечки пациенти. Исто така се планира и намалување на дијаметарот на сензорот кој сега изнесува 2mm, бидејќи најчесто користените епидурални игли се од 0,5мм.

Истражувачите основале компанија наречена Medisight Corp. преку која ќе продолжат да ја развиваат оваа технологија која, според нив, може да биде аплицирана и на останати медицински процедури како што се биопсии за рак или внесување на лекови со игла во зглобовите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...