Што е всушност пневмонија и како ја добиваме?

Хилари Клинтон, претседателскиот демократски кандидат на САД мораше да се повлече од комеморацијата по повод терористичките настани од 11-ти септември.

Откако Клинтон колабираше на самата церемонија, беше префрлена во болница каде и беше дијагностицирана пневмонија и доби совет од лекарите да мирува. Но, што е всушност пневмонијата и како ја добиваме?



Во наједноставното објаснување, пневмонијата е инфекција на белите дробови. Таа може да се спречи од појавување, но и успешно да се лекува со антибиотици. Во исто време таа е одговорна за над еден милион смртни случаи во САД, и водечка причина за смртта кај децата под 5 години ширум светот.

Таа е предизвикана од Streptococcus pneumoniae бактеријата, но исто така може да биде предизвикана и од обичен сезонски грип.



Кога бактеријата ќе влезе во белите дробови, алвеолите (воздушните перничиња во белите дробови полни со кислород) потекуваат и се полнат со течност. Тоа го прави дишењето многу тешко и болно и може да ја ограничи количината на кислород кое лицето ја внесува. И токму таа течност во алвеолите предизвикува мачнина при дишењето.

Најзагрозени за добивање пневмонија се децата, постарите личности над 60 години и лицата со нарушен имунолошки систем. И бидејќи симптомите се слични на оние кај грипот, често пневмонијата не е дијагностицирана на време или воопшто. Потребна е Рентген снимка за најдобро да се дијагностицира, а ќе ја препознаете по звукот на „свиркање“ кој го прават белите дробови.



Превентивата за пневмонијата е годишната вакцина против грип која треба да ја примите, а самата болест обично трае 1 до 3 недели. Додека не оздравите треба доста на мирувате, да пиете многу течности, а ако сте пушач да ги елиминирате цигарите целосно од вашето секојдневие.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...