Мајмуни со преживеан срцев удар излечени со матични клетки

Научници од Shinshu Универзитетот во Јапонија користеле клетки од срцевиот мускул извадени од матични клетки на мајмун, за да ги „поправат“ оштетените срца на 5 други мајмуни.

Техниката покажала дека користење на матични клетки од донатор еден ден може да биде остварлив начин за регенерирање на органите на човечки пациенти со преживеан срцев удар – пристап кој драматично би ги редуцирал времето и трошоците за развивање на индивидуализирани третмани со матични клетки.

Иако оваа техника не е нова, таа досега вклучувала собирање на матични клетки од самиот пациент, што знае да е исклучително скапо. Матични клетки можат да бидат земени и од човечките ембриони, но таа процедура е контроверзна бидејќи ембрионот се уништува во процесот.

За потребите на студијата, истражувачите генерирале индуцирани матични клетки, земени од кожните клетки на мајмунот-донатор. Потоа тие биле инјектирани во оштетените реони во срцата на 5 мајмуни кои имале преживеано срцев удар.

Еден од поголемите ризици при користење на клетки од донатор е можното нивно одбивање од имунолошкиот систем на примателот – ризик кој е непостоечки доколку тие се лично негови. За да го намалат овој ризик, истражувачите одбрале животни со слична генетика, кои имале заеднички протеин наречен MHC, кој имунолошкиот систем го користи да препознава „странски“ клетки.

По надгледување на мајмуните-приматели во период од 12 недели, не биле забележани знаци на одбивање и било заклучено дека трансплантираните клетки ја подобриле состојбата на оштетените срца.

Меѓутоа, бил забележан еден несакан ефект – мајмуните имале нерегуларни срцеви отчукувања, т.е аритмија, која, според научниците, не била смртоносна и можела да се менаџира во клинички услови.

Иако техниката треба уште многу да се истражува и усовршува, ова е охрабрувачки чекор за истражувањата поврзани со матични клетки, особено за пациентите со преживеан срцев удар кои немаат премногу алтернативи за лечење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...