Јајниците ја кријат „фонтаната на младоста“ ?!

Од козметика до разни суплементи и естетска хирургија, методите за антистареење се исклучително профитабилни. Меѓутоа и покрај сите глобални напори и милијардите потрошени на продукти и истражувања да се сопре процесот на стареење, сè уште ја немаме откриено вистинската „фонтана на младоста“.

Новите истражувања направени на Државниот универзитет во Јута покажуваат дека младите јајници кои биле трансплантирани во постари глувци ги промениле ефектите од стареењето врз нивниот метаболизам и имунолошки систем.

Истражувачите ги отстраниле јајниците на 10 глувци стари 12 месеци кои поминале низ естропауза, транзиција слична на човечката менопауза, и ги замениле со јајници земени од глувци стари 60 дена – приближно еквивалент на луѓето во раните 20-ти, во смисла на стареењето.

Четири месеци по процедурата, било откриено дека на имунолошките клетки наречени „Т-Клетки“ кои реагираат на нови инфекции и чија бројка се намалува со стареењето, всушност им се зголемил бројот по трансплантацијата. Глувците со младите јајници побрзо ја отстранувале гликозата од нивната крв, што го подобрувало метаболизмот. Предходните слични експерименти на истиот тим веќе покажале дека глувците на кои им биле извршени трансплантации живееле 40% подолго.

Теоретски, ова покажува дека можеби ќе биде возможно да се замрзне ткивото од „млади“ човечки јајници, со цел да биде ре-имплантирано подоцна во животот, но ефектите од подобрувањето на здравјето и на „подмладувањето“ би биле краткотрајни.

Резултатите од ова истражување ќе им овозможат на научниците да се фокусираат на откривањето на точната улога која јајниците ја имаат во стареењето, како и до откривање на одговорот дали истата метода би можела да се изврши и врз луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...