Стари глувци подмладени со тинејџерска крв

Звучи малку морничаво, но научниците пронашле докази дека инјектирање на „млада“ човечка крв во постари тела предизвикува еден вид на подмладување – иако тие постари тела не се човечки.

Во една нова студија, истражувачите земале примероци крв од група млади и здрави 18 годишни партиципанти, и ја инјектирале во глувци стари 12 месеци – што е доцно средно доба во глувчешки години, или еквивалент на околу 50 годишна човечка старост.

Во период од 3 недели, глувците 2 пати неделно добивале инјекции со човечка крвна плазма – течната компонента од крвта, за која научниците сметаат дека е одговорна за подмладувањето.

По ова, научниците од биофармацевтската компанија Alkahest го споредиле однесувањето на глувците кај кои била инјектирана плазмата, со група од глувци кај кои тоа не било сторено, а иле стари 3 и 12 месеци.

Новата крв предизвикала тест глувците да се однесуваат „младо“ (биле агилни подеднакво како и неинјектираните млади глувци), а биле пронајдени докази и дека нивната меморија се подобрила – преку ставање во специјален лавиринт со кој се мери меморијата и просторното учење на глувците.

Според невролозите од Alkahest, ова се должи на различниот состав на протеините во старата и млада плазма. Плазмата, инаку, содржи илјадници протеини, од кои некои можат да ги подмладуваат ткивата, но со тек на времето нив ги снемува и се заменуваат со оштетени молекули. Поради тоа, откога им била вбризгана младата плазма на глувците, таа на некој начин им ги “поправила„ и подмладила ткивата.

Било утврдено и дека мозоците на глувците кои го добиле третманот со младата плазма имале оформено нови неврони.

Истражувачите на Alkahest сега сакаат да истражат дали младата човечка плазма ќе го има истиот ефект и врз постарите луѓе, за која цел започнале клинички тестови во Stanford University кои вклучуваат 18 луѓе со Алцхајмерова болест.

Доколку истражувањето се покаже успешно, се очекува да следат нови, со поголеми групи пациенти и со зголемена доза на плазмата, за да се види дали неврогенезата стимулирана од „младата крв“ може да ја поправи штетата која предизвикува невродегенеративни болести како Алцхајмеровата или Паркинсоновата.

Во најдобра крајна варијанта, од Alkahest велат дека ќе можат да создадат синтетички верзии на потребните протеини, бидејќи не постои толкава количина природна млада плазма во светот за да им помогне на бројот на луѓе кои боледуваат од невродегенеративни болести.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...