Нанодискови за истребување тумори

Истражувањето на туморите е дел од медицинската наука кој, со право, добива значително внимание, и не е чудно кога во тоа поле навлегува и вештачката интелигенција.

Истражувачи од Универзитетот во Мичиген развиле нов метод кој има потенцијал да ги елиминира туморите.

Оваа нова технологија користи дискови со нано-големина (околу 10nm) кои го учат телото, поточно имунолошкиот систем, како да ги препознава и убива канцерогените клетки.

Секој од овие „нанодискови“ е полн со неоантигени (мутации специфични за туморите) кои ги учат Т-клетките на имунолошкиот систем да го препознаат секој неоантиген и да го убијат. Тие функционираат заедно со инхибиторите на имунолошкиот премин, што ја зголемува реакцијата на Т-клетките и формира анти-канцероген систем во телото кој ги уништува туморите и потенцијално ги спречува повторно да се појават.

Досега, дисковите (кои се внесуваат преку вакцина) биле успешно тестирани врз глувци, кај кои туморите биле елиминирани во рок од 10 дена. Тие исто така биле способни да уништат идентичен тумор кај глушец во кој повторно биле внесени 70 дена подоцна. Тоа значи дека имунолошкиот систем ги „запомнил“ канцерогените клетки и создал долготраен имунитет против нив.

Сега се планираат понатамошни тестови прво врз поголеми животни, па дури потоа врз луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...