Трансформација на свински органи во човечки

Трансплантацијата на органи е ризичен процес бидејќи секогаш постои шанса телото на пациентот да го одбие новиот орган, понекогаш оставајќи го дури и во полоша состојба отколку таа во која што бил пред трансплантацијата.

Стартап компанијата Мicromatrix Medical смета дека има решение за овој проблем.

Според Роберт Коен, извршниот директор на компанијата, тие со процесот наречен перфузивна децелуларизација и рецелуларизација креираат биолошки целосно човечки орган за трансплантација – почнуваат со орган од свиња од кој што се отстрануваат сите клетки кои човечкото тело ги отфрла како животински и се внесуваат човечки (по можност од реципиентот) за органот повторно да се „изгради“.

Процесот вклучува уште многу други фази, но клучен е фактот дека свинските органи со човечките се многу слични во големина, структура и функција.

Коен нагласува дека Micromatrix Medical е прва и за сега единствена компанија со технологија способна комплетно да децелулизира орган, задржувајќи му ја целосната структура и форма.

Тие сега засега работат со црниот дроб и бубрезите, бидејќи обезбедување на неограничено снабдување со бубрези би ја елиминирало дијализата.

Нивниот план до крајот на 2017 е да им успее процесот на вадење на црниот дроб од свињата и негова замена со еден од нивно производство, со што би се спасил нејзиниот живот. Човечки имплант од овој тип се очекува до крајот на 2019, по што ќе се работи на производство на бубрег, па на белодробно крило, па на срце.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...