Лек испорачан со наночестички во борба против прекумерната тежина

Истражувачи од MIT тестирале нов начин да се стимулира губитокот на маснотии од организмот со помош на лекови против гоење, кои во одредени делови на телото биле „испорачани“ со помош на наночестички.

Лекот го трансформира белото адипозното ткиво (кое се состои од клетки кои складираат масти) во кафено, и потоа го промовира процесот наречен ангиогенеза – каде што крвни садови растат во масното ткиво и го забрзуваат веќе започнатиот процес на трансформирање.

Студијата била извршена врз глувци со преголема тежина, кои по 25 дена изгубиле 10% од тежината, и им се намалила шансата да заболат од дијабетес. Најдоброто од сè е што тие не покажале никакви несакани ефекти од лекот.

Хемикалиите кои се користеле сега засега не се одобрени од страна на американската администрација за храна и лекови за третирање на прекумерната тежина, бидејќи сè уште не се започнати тестирањата врз луѓе.

Истражувачите потенцираат дека ниеден од употребуваните лекови не е ниту нов ниту сега скоро развиен, и дека „магијата“ зад нивното дејствие е во начинот на внесување во организмот – преку наночестички.

Нивните молекули се направени примарно од PLGA, полимер кој во медицината се користи за испорака на лекови. Врз надворешната школка на наночестичката се наоѓа уште еден полимер наречен PEG, дизајниран да ги таргетира протеините во крвните садови кои ги опкружуваат адипозните ткива – на сличен начин како што, на пример, наведувачките проектили ги целат изворите на топлина.

Целиот процес станува се повеќе ефективен кога ангиогенезата го зголемува бројот на овие таргетирани крвни садови.

Инаку, ангиогенезата како процес може да биде штетна доколку се случува насекаде во телото, меѓутоа бидејќи овој нов метод таргетира специфични реони од телото, ризикот е скоро комплетно намален, и барем според досегашните резултати со глувците непостоечки.

Единствен недостаток на методов е што сега засега истражувачите мора интравенозно да ја внесат лековитата супстанца во одредените реони, а се работи на поедноставно решение, од типот на нивно внесување преку голтање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...