Елиминиран пренос на ХИВ на новороденчиња во Тајланд

Иако ХИВ вирусот постои од поодамна, првиот негов случај во Тајланд бил официјално дијагностициран во 1984-та. Потоа болеста бргу се раширила и веќе во средината на 90-тите процентот на пренесување на вирусот од мајка на дете (MTCT- mother-to-child transmission) достигнал 20 до 40%

Една декада подоцна, земјата успеала да ги спушти овие алармантни бројки на 1.9%, а веќе во 2016-та Тајланд станала првата азиска земја која комплетно го елиминирала MTCT на ХИВ вирусот.

Успехот на Тајланд во ова бил објавен во студија, од која се гледа на кој начин земјата го постигнала овој успех.

Најголемата заслуга била нивната посветеност кон следењето на пристапот препорачан од Светската здравствена организација и UNICEF, чии чекори се:

1) Примарна превенција на ХИВ инфекции помеѓу жените на возраст за раѓање деца

2) Превенција на несакана бременост помеѓу жените заболени со ХИВ

3) Превенција на преносот на ХИВ од заболените жени во децата

4) Овозможување на третмани, грижа и поддршка на мајките кои живеат со вирусот, и нивните деца и фамилија.

Земјата го имплементирала и програмот наречен „100% кондоми“, кој промовирал 100% користење на кондоми кај мажите кои користеле услуги на комерцијални сексуални работнички. Благодарејќи на построгата законодавна поддршка, на жените во Тајланд денес на располагање им е доброволно тестирање за ХИВ со резултати уште истиот ден, повторно тестирање помеѓу трудните ХИВ-негативни жени, како и антиретровирусна терапија (ART) за мајките инфицирани со ХИВ.

Прогресот на Тајланд покажува колку успешни резултати можат да се постигнат кога науката и медицината се поткрепени со цврст и постојан политички ангажман.

Во светот има околу 36.7 милиони луѓе кои живеат со ХИВ вирусот. 78 милиони се инфицирани откога започнала епидемијата, од кои 35 милиони ги загубиле животите поради компликации поврзани со него.

Инаку, жените кои се инфицирани со ХИВ имаат 15-45% шанса вирусот да го пренесат на нивните деца во тек на бременоста, породувањето, или со доењето. Овие шанси значително се намалуваат до нешто над 1% штом антиретровирусната терапија е дадена и на мајката и на детето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...