Детектирање на аутизам пред да се појават симптоми

Некои родители првпат забележуваат дека нивното дете може да биде на спектарот на аутизам кога ќе се појават одредени симптоми околу 12 до 18 месечната возраст – можеби тоа нема контакт со очите кога комуницира со други лица, или не се насмевнува кога ги гледа родителите како влегуваат во собата. Нивните социјални интеракции не се сметаат за „нормални“, а некои деца имаат потешкотии во комуницирањето.

Сега, нова студија сугерира дека можеби би можеле да го детектираме аутизмот пред да се појават видливи симптоми. Истражувачите со магнетна резонанца скенирале мозоци на 150 деца, три пати: првиот пат кога тие биле стари 6 месеци, па една година, па две години. Околу 100 од децата имале роднини кои претходно биле дијагностицирани со аутизам, што ги ставало во поголем ризик и тие да се подложни на болеста.

Она што било откриено е дека зголемувањата на одредени реони од мозокот биле во корелација со идните симптоми – во 8 од 10 случаи, тие зголемувања предвиделе кај кои деца ќе се јават симптомите.

Иако резултатите од студијата ветуваат, бројот на учесници е премал за да бидеме сигурни во нив. Сепак, способноста на научниците да видат како мозокот се развива пред поставување на дијагнозата може да помогне во демонстрирањето на врската на аутизмот со генетиката.

Бидејќи развивањето на мозокот е од критично значење во првата година од животот на детето, раната детекција на симптомите би била прозорец за развивање на идни третмани за ова заболување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...