ДАЛИ ЛЕКОТ Е ПРОНАЈДЕН?

Одобрен нов револуционерен третман за Мултиплекс склероза

Мултиплекс Склерозата (МС) е автоимуна болест која се појавува кога имунолошкиот систем на телото го напаѓа заштитниот миелин кој ги покрива нервните клетки. Немањето изолација предизвикува воспалување кое ја попречува комуникацијата помеѓу клетките во нервниот систем, што може да доведе со мускулна слабост, лоша координација, проблеми со цревата и мочниот меур, ослабување на видот, и когнитивни потешкотии. Инаку, од МС боледуваат околу 2.3 милиони луѓе ширум светот.

Состојбата некогаш се развива со години пред да се појават првите симптоми, а вообичаено се дијагностицира во старост помеѓу 20 и 50 години. Таа тешка за дијагностицирање бидејќи симптомите често пати се повлекуваат пред повторно да се појават, а досега не постои лек туку само третмани за редуцирање на симптомите кои не секогаш ја запираат прогресијата на болеста.

Сега, нов лек наречен Ocrevus (ocrelizumab) е одобрен од FDA (прехранбената и лекарска администрација во САД), а се работи за имуносупресивен лек кој наместо Т-клетките (кои ги таргетираат другите лекови за МС) таргетира еден тип на Б-клетки за кои истражувачите сметаат дека се инструментални во деструкцијата на миелинот што предизвикува развивање на МС.

Во споредба со досегашните стандардни третмани, третата фаза од клинички тестови на новиот лек индицирале дека рецидивните стапки на болеста биле намалени за 47%, а воспалувањето за 95%. Најважно од сè, лекот го забавувал напредокот на прогресивните форми на болеста – нешто што не било забележано во претходните тестирања.

Оригинално развиен од компанијата Genetech а откупен од Roche , лекот има потенцијал да промени милиони животи – од пациенти кои веќе поодамна се дијагностицирани со МС, до оние на кои штотуку им е поставена дијагнозата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...