Откриен нов тип клетки во панкреасот кој произведуваат инсулин

Истражувачите откриле сосема нов тип на клетки кои произведуваат инсулин скриени во панкреасот, кои нудат надеж за подобро разбирање и еден ден можеби и третирање на тип 1 дијабетесот.

Тип 1 дијабетес се јавува кога имунолошкиот систем ќе ги уништи повеќето бета клетки кои произведуваат инсулин. Бидејќи тоа е хормон кој го регулира шеќерот во крвта, дијабетичарите со овој тип мора редовно да се инјектираат со инсулин.

За да прописно се третира оваа болест, истражувачите мора да изнајдат начин да ги регенерираат бета клетките на пациентот и да спречат повторен „напад“ врз нив.

Откривањето на новите клетки кои тимот истражувачи ги нарекол „недопрени бета клетки“ и кои претходно не биле забележувани во панкреасот, можат да обезбедат нов начин за повторно создавање на здрави, возрасни бета клетки.

За да подобро видат што точно се случува со тип 1 дијабетесот, истражувачите студирале глувци, но и човечки ткива.

Тие гледале во регионите во панкреасот кои кај здравите луѓе и глувци содржат бета клетки кои произведуваат инсулин, но и т.н алфа клетки кои произведуваат глукагон, хормон кој го покажува шеќерот во крвта. Овие алфа клетки, во комбинација со бета клетките, помагаат во регулирање на шеќерот. Но, кај пациентите со тип 1 дијабетес, има 2 проблеми – бета клетките се убиени од сопствениот имунолошки систем, и потоа не можат да се регенерираат. За да се третира болеста, потребно е да се пронајде начин да се надминат и двата проблеми.

Со декади, научниците се обидувале да го направат тоа, и долго време претпоставувале дека постои само еден начин за производство на бета клетки – преку делење на возрасни клетки од тој вид. Но со користење на нови микроскопски техники за студирање на ткивата во лабораториите, тимот пронашол нов тип на клетки во панкреасот кој никој порано не ги забележал – тие личеле на недозреани бета клетки, сугерирајќи дека можеби постои друг начин за нивно создавање.

Понатамошно нивно студирање покажало дека новите „недопрени“ бета клетки можат да создаваат инсулин, но дека немале рецептори за детектирање на гликоза, па затоа не функционирале како созреани бета клетки. Но тоа не било сè што откриле – тие набљудувале и созреани бета клетки како се претвораат во алфа клетки.

Овие нови клетки треба да се потврди дека постојат кај живите луѓе и животните,а не само во лабораториските ткива, а потоа би можеле да се искористат како извор за создавање на бета клетки со кои би се третирал дијабетесот и од тип 1 и од тип 2.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...