Хидрогел кој имитира ‘рскавица

Нов хидрогел сличен на ‘рскавица би можел значително да ја олесни „поправката“ на колената, бидејќи може да се користи за 3D принтање и со него да се создаваат калапи кои перфектно би се вклопувале во секое индивидуално колено.

Новото истражување се фокусира на два клучни амортизери на удари во внатрешноста на коленото, познати како менискуси, а заменување на овие делови од нашето тело бара материјал со вистински карактеристики и форма.

Тоа било предизвик кој научниците од Универзитетот Дјук го прифатиле и покажале дека менискусите можат да се произведат со 3D принтер кој чини $300, за само еден ден.

Доколку овој процес може да се реплицира во поголем размер, тоа значи дека ќе имаме едноставни и евтини поправки на колена за повреди кои вообичаено се комплексни и проблематични.

Секое од нашите колена има менискуси во форма на уво, поставени помеѓу бутот и глуждот, кои го амортизираат секој наш чекор. Доколку се оштетат, одењето станува болно и се зголемува ризикот од артритис.

Како што старееме, менисукусите не можат самите да се заздравуваат, па така оние кои ќе се оштетат мора да бидат хируршки заменети. Проблемот е што денешните инпланти не се јаки и еластични како нив, или не прават ништо да го помогнат заздравувањето околу коленото. Покрај тоа, менискусот е направен од два слоја – среден цврст, и надворешен мек – што ги комплицира обидите да се развие нешто што ќе биде 3D принтано од еден ист материјал.

За да го решат овој проблем, научниците искомбинирале цврст хидрогел со растеглив хидрогел, за да добијат материјал најсличен на ‘рскавицата. Тие исто така додале и глина од наночестички за да ја направат супстанцата течна кога е под стрес, но која бргу се зацврстувала.

Преку компјутерска томографија (CT) или магнетна резонанца (MRI), докторите може да видат какo инплантите треба да бидат дизајнирани, и таа информација да ја внесат во 3D принтерот, а сега откога знаеме дека е возможно да се развијат хидрогелови со карактеристики како човечката ‘рскавица, со понатамошни студии ќе можат да се развиваат и принтабилни материјали со уште послични карактеристики до човечкото ткиво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...