„Физичка активност“ во апче

Научниците развиле лек прогласен како „физичка активност во апче“, со чија помош глувците ги искусуваат придобивките од интензивна физичка активност без да мрднат со шепата.

Истражувачите велат дека ова има потенцијал да им го промени животот на оние кои не можат да вежбаат - старите и изнемоштени лица, оние со преголема тежина, инвалидизирани или со други физички недостатоци

По земање на лекот во траење од 8 недели, глувците биле способни да трчаат на трака за 70% подолго (над 100 минути повеќе) отколку оние кои го немале пиено.

Лекот активира патека за гени (PPARD) која го спречува шеќерот да се користи како извор за енергија за време на вежбањето, и ги тера мускулите да согоруваат масти за енергија. Претходно, научниците генетички модифицирале глувци да го имаат овој ген перманентно активен, што резултирало со способност за трчање на долги патеки, отпорност на зголемување на тежината, и висока респонсивност на инсулин.

Мускулите кај глувците не ги покажале промените кои типично следат со аеробниот фитнес, како што се дополнителни митохондри (т.н „клеточни енергетски централи“ со чија помош клетките произведуваат енергија), зголемен број на крвни садови, како и на мускулни влакна кои согоруваат маснотии наместо шеќер.

Лекот е познат како GW501516 и GW1516, или како Ендуробол на црниот пазар како незаконски лек за зголемување перформанси.

Студијата е извршена само врз глувци, така што точниот научен ефект кој би го имала врз луѓето сè уште не се знае. Меѓутоа, научниците сугерираат дека овој лек откога би бил тестиран и одобрен би можел да се користи за третирање преголема тежина или тип 2 дијабетес кај луѓето, како и за подобрување на фитнес состојбата кај пациентите по разни операции или на оние кои не смеат/можат да се движат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...