Трансплантација на тестиси за зачувување на плодноста

Во нова студија, истражувачите успешно трансплантирале тестис на глушец под кожата на вратот на друг глушец.

Целта на оваа навидум бизарна студија е тоа што хемотерапијата или терапијата со радијација за малигните тумори често пати ја повредуваат и сперматогенезата (процесот на создавањето и созревањето на сперматозоиди) кај помладите пациенти, а овој вид на трансплантација еден ден може да помогне да се сочува плодноста кај пациентите со канцер.

Tимот истражувачи од Медицинскиот Универзитет во Токио биле заинтересирани за таканаречениот „имунолошки привилегиран“ статус на тестисите. Доколку некој дел од телото е имунолошки привилегиран, тоа значи дека може да толерира контакт со антигени без воспалувачка реакција. Во суштина, ваквите делови ретко се отфрлаат, а тестисите се едни од „среќните“ органи.

Тимот трансплантирал тестис од глушец во врат на друг глушец со процедура наречена HTT – хетеротропна трансплантација на тестиси, која била извршена врз 12 глувци со 100% успех.

Трансплантација на тестисите и епидидимите (системот канали на тестисите) од децата во нивните татковци или браќа пред примање на медицинска терапија може да помогне во сочувување на возрасните сперматозоиди, кои инаку би биле уништени со терапијата.

Возможно е и трансплантираните тестиси повторно да се вратат кај донорите по завршување на медицинските третмани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...