Нов потенцијален третман за елиминирање на тип 1 дијабетесот

Според Светската здравствена организација, над 422 милиони луѓе ширум светот боледуваат од дијабетес – болеста која постои во две варијанти; тип 1 каде пациентите се зависни од инсулин, и тип 2 каде што не се.

Третманот за тип 1 дијабетесот вклучува дневно инјектирање на инсулин во телото на пациентот, што обично се врши автоматизирано со специјални минијатурни уреди. Сега, истражувачи од Леонард М. Милер школата за медицина при Универзитетот од Мајами сметаат дека е можно да пронашле трајно решение за овој тип на болеста.

Во студија објавена во New England Journal of Medicine, тие ги опишале клиничките тестови кои ги вршеле а кои вклучувале имплантирање на клетки наречени панкреасни „островчиња“ во оментумот – ткивото кое ги покрива органите во абдоменот.

Тоа се групи од клетки кои се наоѓаат во панкреасот и се врзани со производството на инсулин и глукагон кај здравите индивидуи. Истражувачите откриле дека користејќи клетки од „островчиња“ од донор комбинирани со крвната плазма на пациентот со тип 1 дијабетес имплантирани во оментумот, тој почнал да функционира како еден вид на мини-панкреас кој произведува инсулин.

Пациентите вклучени во овие клинички истражувања престанале да ја земаат нивната вообичаена доза инсулин 17 дена по трансплантацијата, а нивото на гликоза исто така покажало подобрувања.

Потребно ќе биде уште време додека се утврди изводливоста на овој третман, но истражувачите се исклучително задоволни со првичните резултати од студијата, чија безбедност и примена треба допрва да се испитува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...