Течна биопсија за откривање канцер

Истражувачи развиваат тестови на крв кои се толку чувствителни што еден ден може да се користат рутински од докторите за надгледување на тумори, па дури и со нив да се провери дали пациентот има недијагностициран канцер.

Првичните резултати за ваков вид на тест наречен „течна биопсија“ биле прикажани на конференцијата на американското друштво за клиничка онкологија во Чикаго.

За целосно и ефективно да се дијагностицира канцерот, докторите мора да направат биопсија на туморот, која често пати е инвазивна и понекогаш и неуспешна. Целосна и правила дијагноза на еден канцер е критична за преживувањето на пациентот, и им дозволува на докторите да го персонализираат и прецизно фокусираат третманот.

Кога крвта поминува низ туморот, мали парчиња мртво ткиво од него кое вклучува ДНК се испуштаат во крвотокот. Во теорија, течната биопсија би требало да е едноставна како тест на крв кој би можел да ја детектира канцерогената ДНК и да го идентификува канцерот. Но, ова не е толку лесно колку што звучи, бидејќи овие парчиња ДНК се толку малечки што нивното пронаоѓање се поистоветува со „барање игла во сено“.

Но, истражувачите сметаат дека пронашле начин да ги усовршат тестовите на крв до тој степен да може да ја детектираат ДНК-то во крвта – првичниот тест од 123 пациенти со тумор на бели дробови, дојка и простата успеал да ја детектира канцерогената ДНК кај 89% од партиципантите, а тоа успеало кај дури 97% кај оние кои имале рак на дојка.

Oва било само лимитирана студија со мал број на пациенти, но истражувачите сметаат дека прелиминарните резултати ветуваат многу, и се надеваат дека еден ден ваквата течна биопсија ќе се користи како стандарден тест кога пациентите ќе доаѓаат на рутински преглед кај докторите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...