Имате алергиски реакции? Оваа терапија треба да го реши проблемот

Тим научници од Универзитетот во Квинсленд создале генетска терапија за да ја исклучат реакцијата на имунолошкиот систем одговорна за астмата, а тие веруваат дека нивната техника би можела и перманентно да ги „замолчи“ реакциите на вообичаените алергени како отровот од пчели, кикирики и школки.

Досега, тестовите вршени врз животни биле успешни, а доколку истото се случи и кај луѓето, би можел да се развие еднократен третман за пациентите со астма и разни алергии.

Техниката всушност ја брише меморијата на клетките кои ги предизвикуваат алергиските реакции со помош на генетски модифицирани матични клетки кои се отпорни на алергени. Се земаат крвни матични клетки, во нив се внесува генот кој го регулира алергенскиот протеин, и тие потоа се внесуваат во примателот. Тие нови клетки потоа создаваа нови крвни клетки програмирани да таргетираат специфични имунолошки клетки кои ја „исклучуваат“ алергиската реакција.

Според светската здравствена организација, 235 милиони луѓе низ светот имаат астма, која е највообичаената хронична детска болест, а само во САД нејзиното лечење чини вкупно 56 милијарди долари во медицински сметки.

Целта е по тестирањето врз луѓе, доколку се покаже подеднакво успешно, да се развие еднократна терапија во форма на инјекција која би ги заменила сегашните краткотрајни третмани за алергии, чија ефикасност значително варира.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...