Тетоважа која менува бои и го следи здравјето

Истражувачи развиле нов вид на мастило за тетовирање кое ја менува бојата, реагирајќи на промените на телото како што се нивото на шеќер или натриум во крвта.

Користејќи течност со биосензори намести традиционалното мастило, научниците сакаат да ја претворат површината на човечката кожа во „интерактивен дисплеј“, а технологијата од овој вид би станала револуционерен нов начин за следење на здравјето.

Проектот е наречен DermalAbyss и е колаборација помеѓу истражувачи од MIT и Harvard Medical School, а досега тимот развил три различни мастила кои менуваат боја како одговор на промените во интерстицијалната течност – која се наоѓа помеѓу клетките и која зазема 16% од телесната тежина на човекот.

Од трите сензорски мастила, најинтригантно е она кое може да го мери нивото на гликоза и кое ја менува бојата од сина кон кафена, како што нивото на шеќерот во крвта се накачува. Тетоважа со ова мастило би им го олеснила животот на дијабетичарите, кои сега се зависни од секојдневни тестови со боцкање на прстот за да го мерат нивото на шеќерот во крвта.

Тимот исто така создал мастило кое ја менува бојата од розова кон пурпурна како реакција на pH нивоата, како и трет сензор кој детектира натриум и почнува да свети под UV светлина кога ќе детектира зголемување на нивото на солта во крвта.

За жал, сега засега DermalAbyss е во фаза на „доказ за функционирање на концептот“, и не се знае кога и дали воопшто ќе прерасне во вистински, комерцијален продукт.

Истражувачите ги тестирале мастилата на парчиња свинска кожа, користејќи инјекции да го променат нивото на течностите кои требало да бидат детектирани од нив.

Пред оваа технологија да биде одобрена за користење врз луѓето, ќе мора да помине низ неколку фази ригорозни тестови, прво кај животни а потоа и кај луѓе, кај кои особено внимание ќе треба да се обрне на реакции од типот на алергии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...