Алга инјектирана во срце еден ден може да спасува животи

Околу 610 000 луѓе годишно само во САД умираат од срцеви удари, најчесто предизвикани кога згрутчување на крвта ќе го запре дотокот на крв во срцето, но во некои случаи причината е хипоксија – недостаток на кислород. Кога тоа се случува, срцевото ткиво се оштетува, што предизвикува удар.

Во случај на удар предизвикан од згрутчување се користат лекови за разредување на крв, но во случај на хипоксија третманот не е толку едноставен.

Сега, тим истражувачи од школата за медицина при универзитетот Стенфорд, развиле нов третман инспирирани од растителниот свет. Фотосинтезата користи светлина, јаглерод диоксид и вода за да произведе гликоза и кислород, а овој тим сметал дека доколку инјектираат фотосинтетичка вегетација во оштетеното срцево ткиво кај пациентите со хипоксија, и доколку таа е изложена на светлина, ќе може да пумпа кислород директно во клетките и да ги оживее.

За да тоа го постигнат, тие прво измелеле спанаќ и кељ во форма на прашок, кој го ставиле врз живо ткиво во Петриев сад. Но, кога тој бил изложен на сончева светлина, фотосинтезата не се случила.

Сомневајќи се дека мелењето влијаело на тоа, тие решиле да користат сино-зелена алга позната како цијанобактерија – најпримитивниот тип на фотосинтетички организам познат на науката.

Предците на овие бактерии пред 2.5 милијарди години биле одговорни за „Големата оксигенација“, кога го „голтале“ јаглерод диоксидот од вулканите и испуштале кислород, по што кислородот повеќе не бил апсорбиран од околината туку почнал слободно да лебди во атмосферата.

Оставајќи ги оштетените срца на глувците отворени за време на процедурата, алгата која била изложена на сонце почнала да внесува кислород во оштетените клетки, зголемувајќи го неговото ниво за фактор од 25. На крај, половина од штетата предизвикана од хипоксијата била спречена, во споредба со глувците врз кои не бил извршен овој третман.

Процедурата не оставила никакви несакани последици од типот на секундарни инфекции или реакција на имунолошкиот систем за уништување на цијанобактеријата. По само 24 часа од нивното инјектирање, алгата комплетно исчезнала без трага.

Тимот заклучил дека користење на светлина наместо крвоток како извор на енергија, фотосинтетичката терапија ја зголемува ткивната оксигенација, го одржува срцевиот метаболизам и ја подобрува срцевата функција за време и по индукцијата на исхемија (намален доток на крв).

Дали алгите ќе спасуваат човечки животи во иднината? Во овој момент тоа е тешко да се процени, бидејќи методата моментално е само доказ дека концептот функционира.

Оставајќи нечии гради отворени за време на операција би било ризично, но тимот веќе работи на „супер-полнење“ на алгите за да им биде потребно многу малку светлина за да го почнат процесот на фотосинтеза.

Дури и да не се користат во операции при откажување на работата на срцето, тие би можеле да се користат за зголемување на долговечноста на органите кои се транспортираат за трансплантации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...