Колку сме блиску до првото клонирање на човек?

Човечкото клонирање е една од прилично застапените теми во научно-фантастичните дела, а во реалноста сме сè поблиску до неговото остварување, барем што се однесува до науката потребна за тоа.

Една од најистакнатите пречки со која што се соочуваме на тоа поле има помалку врска со самиот процес на клонирање, а многу повеќе со потенцијалните последици и колективната борба за справување со етиката на истиот тој процес.

Додека науката во изминатиот век е значително напредната кога станува прашање за клонирање на животни, клонирање на луѓе и останати примати е докажано дека е неверојатно тешко. Иако сè уште не можеме да клонираме цел човек, можеме да клонираме човечки клетки – но прашањето е, дали воопшто треба тоа да го правиме?

Исклучително комплексниот концепт на клонирање се сведува на релативно едноставен процес (барем во теорија): требаат само две клетки од исто животно – една која е клетка од јајце на која и е отстранета ДНК. Потоа се зема ДНК од друга соматска клетка и се вметнува во првата, и што и да произлезе како потомство ќе биде генетски идентично со „родителската“ клетка.

Додека овцата Доли е најпознатиот цицач кој што науката го има клонирано, таа не е единствена: научниците имаат клонирано глувци, мачки, и неколку вида на добиток. Клонирањето на кравите последниве години им овозможило на научниците да дознаат зошто процесот ретко функционира, и тие биле запознаени со ситуации од типот на неуспех на имплантација, до мутации кои на потомството му оневозможуваат да преживее – со што креацијата на цело животно преку репродуктивно креирање се покажало како тежок процес и практично и етички.

Клонирањето на човечки клетки, пак, се нарекува „терапевтско“ клонирање и се разликува од традиционалното клонирање кое има репродуктивна намера. Во 2014, истражувачите креирале човечки матични клетки преку истата техника со која е генерирана овцата Доли. Бидејќи матичните клетки можат да се разликуваат и да се претворат во било кој вид на клетка во телото, тие можат да се користат за разни намени кога станува прашање третирањето на болести – особено генетските болести, или оние каде што на пациентот му е потребен трансплант од донор чие ткиво/орган перфектно се совпаѓа со неговата генетика.

Оваа потенцијална апликација веќе наголемо се употребува – оваа година жена во Јапонија која страдала од макуларна дегенерација поврзана со староста била третирана со индуцирани плурипотентни матични клетки (iPS) креирани од нејзините сопствени кожни клетки, кои потоа биле имплантирани во нејзините мрежници со што било спречено понатамошно деградирање на видот.

Дали наскоро ќе бидеме способно да клонираме цел човек? Повеќето сметаат дека тоа може да се случи уште во 2020-тите, бидејќи веќе ја имаме реплицирано или заменето скоро секоја биологија на Земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...