Вируси модифицирани со CRISPR за убивање бактерии отпорни на антибиотици

Присутните на CRISPR 2017 конференцијата одржана на државниот универзитет во Монтана за прв пат имале прилика да слушнат за успехот на компаниите кои ја користеле CRISPR техниката за едитирање на гени за да модифицираат вируси со цел тие да убиваат бактерии.

Една од највозбудливите потенцијални апликации на ваквиот тип на вируси, наречени бактериофаги, би било убивање на бактерии кои станале отпорни на антибиотици. Најмалку две од овие компании планираат да започнат клинички тестови на овие модификувани вируси во наредните 18 до 24 месеци.

Користењето на бактериофаги не е ништо ново бидејќи во минатото тие биле изолирани и прочистени за безбедно и ефективно користење кај луѓето, меѓутоа CRISPR едитирањето ги прави уникатно смртоносни за најопасните бактерии во светот, а иницијалните тестови веќе спасиле животи на глувци кои биле инфицирани со инфекции отпорни на антибиотици кои инаку би ги убиле.

Едната компанија е наречена Locus и користи CRISPR едитирање за да испрати ДНК која ќе креира модифицирана РНА која ги пронаоѓа парчињата од генот кој е отпорен на антибиотици. Откога вирусот ќе го инфицира бактериумот и ќе ја проследи РНА-то кон резистентниот ген, бактериумот произведува ензим кој ги убива фагите наречен Cas3, и практично си ја уништува сопствената генетска секвенца отпорна на антибиотици. По некое време Cas3 ја уништува целата ДНК и бактериумот умира.

Друга компанија, Eligo Bioscience, има различен пристап. Тие CRISPR едитирањето го искористиле за вметнување на ДНК која креира РНА (со бактерискиот ензим Cas9) која ги елиминира сите инструкции за генетско реплицирање. Cas9 тогаш ја одвојува ДНК-то на бактериумот на специфично место, што предизвикува активирање на неговиот самоуништувачки механизам.

Третиот пристап е од компанијата Synthetic Genomics, и креира создавање на „супер-засилени“ фаги кои содржат мноштво ензими, секој од нив со уникатен сет на бенефиции, вклучувајќи ја и способноста да се камуфлираат фагите од човечкиот имунитетен систем преку уништување на протеините или биофилмовите.

И покрај резултатите кои ветуваат, овие третмани се врзани со мноштво ризици. На пример, постои ризик фагите да почнат да ги шират гените за отпорност на антибиотици на бактериите кои ја немаат, а уште еден потенцијален проблем е тоа што потребен е голем број на фаги за третирање на инфекција, што како резултат може да поттикне имунолошки реакции кои би го саботирале третманот.

Идеално, доколку клиничките тестирања поминат во најдобар ред, генетски модифицираните фаги би можеле да претставуваат моќно оружје против супербубачките отпорни на антибиотици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...